— Пушки носат, и виду под тоа сакмите, та друго не знам — одговараше дедот Волче и веќе влегоа во одградениот негов двор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На стариот му заприлега тој како да е добар светец што слегол од иконостасот на некоја напуштена црква и назорум дошол и во неговиот двор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На одење нѐ запраша само Зошто дечињата веќе не играат Меѓу белите жбунови во неговиот двор И што коби добитокон, Зошто рика ноќва високо до ѕвездине?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во неговиот двор се виеше оро. Китан правеше свадба за син му Анко.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Знам двајца глумци и една глумица кои сега се прасиња!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ги чува во една куќичка во неговиот двор, а тие од полицијата се водат за исчезнати!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Си замина и брезата од неговиот двор. Се исуши.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Според изгледот на Иван Никифорович е мошне тешко да се забележи, задоволен ли е тој или се лути; макар и да се израдува на нешто, нема да покаже.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иван Иванович има малку страшлив карактер, Иван Никифорович, напротив, има толку широки шалвари, што да се надујат тие, во нив би се сместил целиот негов двор со амбарот и со сите згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)