Нејзината рака беше во неговата, сместена во неговата дланка, а нејзините танки прсти ги зграпчуваа и ги притискаа неговите прсти.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога и денес го повторувам воведот во Словото, во мојата свест јасен како алхемијата на шестте имиња – gains Valerius Cattulus, Quintius Horatius Flaccus, Publius Vergilius Maro, Albius Tibulus, Sextus Propertius, Publius Ovidius Naso – што затекнувајќи ме на последната страна од читанката по латинси, во мене ја зачна непресушната жед кон хармонијата, го гледам Таткото како од градината со премолчени имиња го извлекува змивчето, му дозволува бесно да го касне, а потоа мирно да се склупчи на неговата дланка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа и натаму беше загледана во белиот ѕид, и рамномерно дишеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајчинството е дарување на нов живот, но за мене беше и нешто повеќе од тоа – продолжување на едно постоење кое веќе заврши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги спуштив моите дланки и неговата дланка врз мојот стомак.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги ставив моите дланки до неговите дланки, на стапалата на Клара. Беа студени како на мртовец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога замина од Виена, Рајнер имаше десет, а јас две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
“Ова е да се сеќаваш на мене,” реков, и го стуткав џепчето во неговата дланка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со неговите заби на нејзината брадавица и топлите усни околу неа, брадата и мустаќите што ја грепкаа по дојката која одеднаш ѝ се чинеше набрекната во неговата дланка, таа се заниша наназад, но тој ја задржа со другата рака.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А сепак, сосема осмислена среќа дека еден нов свет ѝ се открил сосема природно, сосема блиску, сосема некомплицирано и лесно, таму, на неговите усни, во неговата дланка и на неговите гради.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Срнчето, наеднаш изгубувајќи ја сета своја оддалеченост, со бавен, тих чекор, се приближи веднаш до неговата дланка, несигурно за да потскокне, но доста слободно за да се приближи, а после, полека, скокоткаво, почна да му ги лиже со своето рапаво, зеленикаво јазиче, јаболкцата од неговите прсти.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По повеќе време чунким само од себе крадешкум, без ниедно шушкање со чекорот, а бесповратно, срнчето почна да се доближува кон неговата дланка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу во неговата дланка веќе немаше ниедна скрупца сол, но тоа не му пречеше на оној да ги прелижува повторно сите негови прсти со ред, скокоткајќи го неиздржливо по средината на дланката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Под широкиот резец на длетото ронливата влажна земја меко тече по неговите дланки.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И со крајот на окото го следеше прислужникот и кога тој се поткреваше да си оди, се стркала во неговата дланка мала сребрена пара.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа е делот што не го сакаат и како да не ме раскинува однатре чувството дека ме тепаат или дека снегот ми влегува во чевлите кога Луис Марија игра со мене и неговата дланка на мојата половина ме опива како пладневната топлина, вкусот на силни портокали или на дробени бамбуси, а неа ја тепаат и не се издржува, па тогаш мора да му речам на Луис Марија дека не се чувствувам добро, дека е од влажноста, влажноста од оној снег што не го чувствувам, не го чувствувам и ми влегува во чевлите. 25 јануари Јасно, дојде Нора да ме види и се случи сцена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сиротата Норичка, нека ја придружува некоја друга. (Ова сѐ повеќе личи на казна, сега само се познавам таму кога ќе сум среќна, кога сум среќна, кога Нора пее Форе се познавам таму и не останува ништо освен омразата).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Со тешкиве весла, - се соголија до самите катници зелените заби. – Ако ви е помило, тоа можеме да го сториме и со топузи.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Под негова дланка планина ќе спласне, со плуканка може и вулкан да згасне.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Му се чинеше дека во неговата дланка се грее чаша со ракија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оф, леле, Ѕвездо, да би да си ѕвезда, па од небото да паднеш во неговите дланки...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И секогаш чувствуваше дека е таков кога ќе се сетеше на своето дете, на неговата густа црвена коса по која со копнеж трепереа неговите дланки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Белите рачиња на убавицата влегоа во неговите дланки како топли крилја од гулабица.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Во неговата дланка стави парче забесто железо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)