Не минало многу време и силен блесок ја стопил длабоката езерска град, како илјада сонца да огреале на неговото дно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакав првин, како некогаш татко, да расчистам со албанскиот јаничаризам да го допрам неговото дно, како еден вид ослободувачко катарзирање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Езерото ќе ја поплави долината на неговото дно ќе се најде и твојот дворец.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога го раскопале мравињакот, на неговото дно пронашле ист онаков гроб каков што бил и оној во кој Мијато Акиносуко во сонот ја погребал својата жена, царската ќерка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)