— Ногу знае он сега шо чини, шо не чини! — и велеше попот на Бисера, кога Крсте се помири со судбината и заживеа пак пргаво и весело со неговите другарчиња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога неговите другарчиња ќе влезеа на час, тој вртеше околу училиштето, се качуваше на прозорците, ги гледаше нив внатре и плачеше.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не помогнаа ни потсмевањата од неговите другарчиња.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И така во чантата на Димче имаше појадок и за Павле, неговото другарче.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И, додека го убедуваа неговото другарче од одајата, во која ЦИА перманентно го „труеше“ со боеви отрови вшприцани низ штекерот, тој ме влечеше во холот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И сите негови другарчиња што имаат само по 50 години, па и тој, се убедени дека е време за нови почетоци, па одат на џез фестивал, читаат книги од Ог Мандино, Антонио де Мело, Лујза Хеј, а го препрочитуваат „Галебот Ливингстон“, „Малиот Принц“ и „Ние, врапчињата“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Дигни глава и сруши го чаупади. зашто боли кога невино дете страда на 13 години кога, неговите другарчиња се радуваат на убавините на природата сплет на убавини и чувства Уште една ноќ, само уште една ноќ, од овој месец, а после одбројува денови до нареден месечен циклус...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Милчо често ја вклучуваше Венче и во играта на неговите другарчиња кои му се лутеа што им се пика девојче во игри што не се за неа, која им пречи.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)