Или за оној дебелко кој едвај влегуваше во своето Fiat Seicento, за кого претпоставувавме дека скришум го позајмува од неговата жена, додека таа комотно се шири и на другата половина од креветот што тој пред малку ѝ ја ослободил.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Истовремено, се случија и многу други значајни работи. шетајќи низ улиците открив еден UFO, се сеќавам дека со мене тогаш беа само Давид и Паул, но подоцна Давид во едно свое писмо ми напиша дека таму било целото негово семејство - неговата жена Ruth и неговите четири деца, а покрај нив и Ackerman, Musicmaster, Tim Harvey, Yanagi, Rhoda Mappo, Cavel lini, Andy Warhol и уште цел еден куп луѓе - целиот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го запознавме и Гинтер Саша, западно-германски наследник, кој нè одведе во неговата куќа за да ја запознаеме неговата жена, Брижит Бардо.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сепак одлучивме да останеме и да се промуваме наоколу, и секако, што подобро да се забавуваме, во што навистина бевме доста добри, и да одиме на журки, и да се скијаме по вода, и да запознаеме некои странски луѓе од филмот - ги запознавме Моника Вити и Антониони, кој го сними Blow up кога ние го снимивме Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој ја посочил месноста на крстопатот на титовелешко-скопскиот пат, на една нива, сопственост на неговата жена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Работи во една поголема фабрика за уметнички мебел во Курбевоа, во едно од париските предградија. работи и неговата жена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Неговата жена е Унгарка, забен лекар, со која се сретнал некаде на студии во Холандија, и со неа овде, во Уј, свиткал гнездо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Неговата жена работи во една фабрика за сувомеснати производи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки. Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот. „...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако сега го погледнам Саботер, би рекол дека сценариото не е без мани.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ме посети неговата жена и ми рече: „Не можам да дозволам мојот маж да игра една таква улога кога очите на целата младина на Америка се вперени во него”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дали Јаже го сметате за еден од своите најексперименталните филмови, во технички поглед? •Хичкок: „Само поради тоа што го напуштив чистиот филм со обидот театарската 146 Margina #22 [1995] | okno.mk претстава да ја извлечам од рамките на сцената, да ја направам подвижна.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
•Најдобрите личности во филмот се споредните улоги, судијата, Чарлс Лотон, и неговата жена, Етел Баримор.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Се населува во Медон, кадешто пак се занимава со лечење на сиромашни, додека неговата жена дава часови по танц.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Дури ни златарот што продаваше накит и скапоцености, ни тој не носеше скапоцени камења, ниту неговата жена.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сношти ми зборуваше за тоа! Неговата жена рече, о, Гастон нѐ изненади!“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таа, неговата жена, не беше таква, преубава беше, морам да признаам дека маѓепсуваше.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тој виновно се врти на местото, скришум гледа час во старецот, час во неговата жена која се движи лесно, нечујно, - ја реди табаката, да го почести со слатко.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Давењето по броеви“ своите поаѓалишта секако ги има во народните преданија и во симболиката на пејсажните игри и правила, Миметичките и дидактички својства на ликовите и односите што ги донесе квартетот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ ја отвораат вратата кон алегоричниот ужас на земските закони и појавниот свет. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Насловните ликови на филмот на Гринавеј “Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник”, по истиот ред откриваат: еден итар мајстор-естет, еден тиранин-незналица, неговата угнетена и снажна женка и нејзиниот резигниран истражувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Хиерархиските поставки за филмот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ паралелно се материјални, семантички и историски. 38 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ со закачување на огромна репродукција од „Стражарската гилда на Св. Георѓи во Харлем“ на Frans Hals, на ѕидот од ресторанот каде што се одвива поголемиот дел од дејствието.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Самиот Гринавеј својата литературна предлошка толку ја модификува што тој на некој начин станува подобар или „подобар“, како што е случај со драмата THE DUCHESS OF MALFI (Војвотката од Малфи, 1614,) на Џон Вебстер која беше инспирација за ГОТВАЧОТ, КРАДЕЦОТ, НЕГОВАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИОТ ЉУБОВНИК, кадешто, како што тврди Шон Френч, „различните простории изгледа дека претставуваат различни етапи од историјата, едно архитектонско исмејување на човечкиот прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од каде овој човек ја знае неговата жена?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Според таа глупава логика, жена ви нема да ве изневери, ако во куќата го чувате здравиот национален дух. (Тоа беше отровна стрела до Фисот и неверството на неговата жена).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дишан и неговата жена се договориле да се сретнат со ќерка ѝ по неколку дена во нејзиното атеље на Монмартр.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На Дишан не му било тешко да го рационализира овој аранжман , затоа што, како што им објаснил на пријателите, неговата жена била финансиски независна и немало да претставува пречка на неговиот разуздан начин на живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Таа му кажала дека нејзиното име е Ивона и дека во согласност со желбите на својата мајка, станала сликарка.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Инаку, Клемперер, филолог и професор по француска книжевност кој за време Хитлерова Германија преживеал само поради ариевската припадност на неговата жена, бил унижуван, ставан во изолација, имал и забрана да се бави со професорска пракса, но сепак, успеал да ги сочува своите филозофски записи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Дедо, неговата жена, синот единец, а и некои од соседите, на лето, снагата си ја абеле до немајкаде кинејќи го, а потоа и нижејќи го.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Економот се викаше Александар Јаковлевич, а неговата жена Александра Јаковлевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Крадеше тој постојано, постојано се срамеше и затоа неговите добро избричени обравчиња секогаш гореа со алевата боја на срамежливост, збунетост и конфузност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Срцето на таа негова жена е меко и жалосливо. И дуќанот се топи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А, во моментот кога и тој што те работел цела ноќ ќе почне да верува дека навистина те мачела некоја болештина, заедно со неговата жена, да не речам глупача... сите испити ти се положени!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Службеникот од полицијата сакаше да знае дали може да добие повеќе податоци за кражбата. Сатурн ја хранеше мачката и, одвај погледнувајќи го, без заобиколување му рече да не губат време, зашто неговата жена побегнала од дома, а тој не знае ниту со кого, ниту каде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се сретнавме во Маритма, еден популарен и валкан бар, во кој својата храброст ја покажуваше политичката левица во времето на залезот на франкизмот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа пријателка не беше ни малку поубава и не помлада од неговата жена; но ги има на светот ваквите енигми и не е наша работа да судиме за нив.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Д-р Хироши Јомиури исчезна од Виена, во мирна улица близу Шингерштрасе, два блока од најомилениот хотел на неговата жена.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но не го уби заради тоа што беше лошо, бесно, напротив кон него беше кротко, мирно и послушно, ами го отепа во еден момент на афект, кога тоа ја откопа главата од неговата жена која тој ја убил скришум и ја закопал во градината пред куќата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Трите негови жени, вцрвенети и среќни, и пред сè незабулени пред него, трчкаа и му подаваа час крпи, час лончиња, додека не го видоа Петрета на прагот како ги оџагорил очите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Брат му на Борко, Симон, четири години помлад, живееше во куќата на родителите на Милица, неговата жена, горе на брегот, во онаа осамена куќа до каде што не стигнало езерото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сфатив дека таму длабоко под вода е гробот на неговата жена и на мајка му и татко му.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Јас мислам дека тука, во градов, живеат неговата жена и децата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ѝ се наметнуваше уште едно, потешко прашање: дали можеби кај неговите родители, во нивната куќа, или во нивниот град, или било каде, веќе постои негова жена? Можеби и деца?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби и неговата жена го посакува тоа...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На веста за идната негова жена, како што можеа да насетат?... Не ѝ кажа ни збор... ***
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ако Танаско и неговата жена мислат дека зимата ја довела до тоа дереџе, таа нема зошто да се плаши дека нејзината срамотија е веќе јавна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мојот покоен маж еднаш сакаше физички да го нападне еден пациент, затоа што, наводно, лекарите не ја спасиле навреме неговата жена.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Драма со музика и пеење од македонскиот живот во четири чина – седум слики) ЛИЦА: Јордан: Селски трговец Рајна: Негова жена Стојче и Симка: Нивни деца Божана: Бедна вдовица Костадин: Нејзин син Коле: син Костадинов Стрико Кољо: Стројник Темковица Славче: Нејзин син Аранѓел: Сопственик на фурна Караман Атанас, Зафир, Ѓорше, Божин, Фидан, Стојан, Стрико Марко: Печалбари Народ.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
„Институтот Чотоква“, го потсети неговата жена - и Френк сега се сети како еднаш, пред многу години, одмавнуваа со главата гледајќи го тој помпезен натпис над сцената на која досадно се одвиваше еднаа мошне несовршена поставка на некоја второкласна опера.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мислам, ако веќе некој нешто измислува, тоа може да го потврди токму тој, самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
-Тој е шиптар а притоа и женет. Неговата жена ме посети: ме замоли да ја упатам во намерите на ќерка ми.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Приказни! Приказни... Земена е изјава од настраданиот. Инаку, од каде ќе го имавме тој податок за гласот на неговата жена.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Ох!“ Неговата жена наеднаш замавна за да го зрапчи за рацете.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
„Не е в ред?“ ја гледаше оваа жена и, да, беше тоа неговата жена, беше тоа некој нему познат, и ова е нивниот дом со висок таван и изветвени тапети.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Неговата жена, незавршен, студент по археологија, која нагалено го вика Јовче Перо, е од нашава горалист.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Кога му ја отвори вратата и го здогледа мајмунчето, неговата жена само плесна со рацете и свика: - Божее, мајмунче!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Еднаш јавуваа дека божем не знаат ништо за неговата жена!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А по некое време, дека наслушнале понешто, нешто втасало и до нив, но колку е вистинито тоа божем и самите не се сигурни!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мајка ми ми имаше раскажувано дека на времето семејството на тетка Олга се скарало со семејството на покојниот мој вујко, по што неговата жена почнале да ја викаат „Марија смрдливата“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не сакам да зборувам во детали за тоа како ми беше кога седнав на шолјата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Според Емери, тоа била "добра идеја" и требало да се искористи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во разговорот со Емери лицето Х истакнало дека "има рак и оти му остануваат уште шест месеци живот... и сака својот живот да го заврши славно, па ако ние му дадеме посмртно одликување и ако се грижиме за неговата жена, во случај да ја добиеме војната, тоа би се обидело да го убие Хитлер".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кутрата негова жена цела ноќ преседала чекајќи го да се врати и рано изутрина дошле да и ја кажат лошата вест.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Најчест посетител на селскитот дуќан беше дедо Иван, кој живееше сам со неговата жена неколку куќи подолу од нашата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мое беше дали ќе го прифатам таков или не, човек оптеретен со минатото, смртта на неговата жена, неговата болка, ама и отворениот и искрен пристап кон мене.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ништо конкретно, но ... Филип мислам сеуште беше опседнат од минатото, од смртта на неговата жена.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кога наминува Фодулчето, таа се интересира за неговата жена, за Марија, која во тоа време е вратена од Лешочкиот санаториум.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во 1947 година го фаќаат третиот брат на дедо ми и го заколуваат заедно со неговата жена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)