И, еве, јас сега се чувствував сигурно понемоќен отколку Татко, кога не можев да се ослободам од новата ментална болка којашто можеби и не ќе допреше до него, ако тоа не бев јас, само јас и никој друг, што му ја пренесуваше веста за кражбата на неговите сиџили, на неговото животно дело.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Берлин, се чини, нема ниту крај, ниту почеток, се протегнал од крајот на светот, или до оние ѕидишта кај „Бранденбуршката капија“, односно од „Рајхстагот“, каде што е поставена вештачката граница на градот, каде што се пресечени неговите животни артерии.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)