негов (прид.) - задача (имн.)

При разговорот на Черчил со раководителот на СОЕ, Далтон, непосредно пред неговото заминување во Каиро, истиот му рекол дека негова задача е да ја „запали Европа“.6 Едно од прашањата кое претставувало посебен проблем за СОЕ било како да се регрутираат луѓе за работа во СОЕ од земјите на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Му рекоа дека негова задача е да ја продолжи борбата против народниот непријател...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како и останатите сожители од оваа планета, сепак, решив да не размислувам за системот – негова задача е да размислува самиот за да не мора да си ги мачат луѓето своите главички.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- А друго? Александар накратко му ги објасни неговите задачи поврзани со прославата на десетгодишнината од владеењето на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За Марко Бошнаков се тврдело дека во Солун дошол кога и Јордан Попјорданов, дека бил член на “субверзивниот комитет“ и дека основна негова задача била да им помага на членовите на Кружокот да ги извршат “злосторничките дела“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Улогите биле поделени, секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога едно трговско друштво престанува да постои поради истекување на периодот за кој е основано или по извршувањето на неговите задачи, повисокото тело одредува друго трговско друштво на кое се пренесуваат правата и обврските кои произлегуваат од работните односи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Друштвото во кое тој беше во редовен работен однос, „Топли- фикација Битола“ ДОО Скопје, е основано во 1999-та, од страна на монополското претпријатие „Топлификација“ АД – Скопје, кое денес е во приватна сопственост,2 а неговата задача беше да произведува и испорачува топлинска енергија на дел од терито- ријата на град Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работното место на Лозановски беше одржувач на постројки, а повремено, ако за тоа имаше потреба, работеше и како котлар – доставувач на енергија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)