Нешка уживаше во неговото знаење и не пропушташе ни еден одмор да не го слуша како ја раскажува и старата и новата лекција.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но да не го оддалечи целосно, туку да остане на една нужна дистанца, за да може, во исто време, под нечија контрола, да се користи неговото знаење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Врз работната маса ги забележа неколкуте свои книги, списи, предмети, грубо преместени, без негово знаење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но и покрај ваквото уверување Маклин му дал до знаење на Тито дека тој не “бил разуверен“, и дека ќе “суди според настаните, а настаните се многу вознемирувачки“.295 Од своја страна, претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито, притиснат од очебијните факти за она што се случувало во Македонија, а и самиот во нецелосен тек со она што се случувало таму ќе му изјави на Маклин дека сите активности кои се случувале во Македонија “се случувале без негово знаење или одобрување“ и му ветил на Маклин дека тој самот ќе се заложи да им стави крај на таквите активности.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој гледа и што повеќе да искористи од неговите знаења, зашто науката си е наука.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги позајмил без негово знаење.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тоа не коренспондираше со неговото знаење и искуството стекнато на високата функција во службата, како раководител на Одделението за анализа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И, како изболедувана болест, од неговото знаење, сега, пред него, во една густа и опорита грутка, понесена уште со крвта од детството, една единствена молитва од едно единствено верување, тој сега ја исфрлаше, просто прикажувајќи си ја себе си гласно, отфрлајќи ѝ секој збор, што го чул, секоја слика, што ја понел... ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тито, од своја страна, кој сигурно не бил во целост запознаен со она што се случувало на територијата на Македонија, на Меклин му одговорил дека сето она што се случува во Македонија се случува без негово знаење или одобрување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, му ветил на Меклин дека тој ќе го вложи својот авторитет да им се стави крај на таквите активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа е толку фасцинирана од ова негово знаење што само го гледа низ дебелите стакла, со нејзината полуотворена, месеста уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Едниот внук имал пет години и бил многу сладок.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ова учење го збогати неговото знаење.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со негово знаење, појде до хотелот, кај гостите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Првин се погрижив детално да го пребарам домот на министерот; најголемата непријатност беше тоа што претресот морав да го извршам без негово знаење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)