негов (прид.) - идентитет (имн.)

Иако знакот во поглед на неговиот идентитет е зависен од неговото место во една мрежа од релации, означителот сѐ уште се поима како содветствувачки на еден единствен концепт, означеното; а ова е една форма на присутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според овој поим, знакот е составен од два аспекта: означител (односно, физичка ознака) и означено (концептот што го изразува).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И може да се случи да ги прифати сите видови на различни значења благодарение на новите контексти. (Дерида го нарекува ова итерабилност на текстот.)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таквиот ариосо го употполнува неговиот идентитет во тоа амбивалентно хуморно дејство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали се работеше за заговор да се умртви душата на народот, односно разобличи неговиот идентитет, од некоја друга над Централа, на која слепо и немо му беше подредена овдешната под Централа, која сега по излегувањето од прегратката „на големиот брат”, се гушеше од самата себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За прв пат, на волјата на поединецот државата не го спротивставува ниту размавтувањето со гола сила ниту пак боженственото право - туку самиот негов идентитет.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Фасцинира, притоа, инвентивноста на авторот и решенијата пронајдени во неговата творечка лабораторија, особено онаа специфична комбинаторичка игра меѓу стварното и имагинарното, меѓу животот и литературата/културата, така што читателот е просто во недоумица: „Каде завршува светот на реалноста и започнува светот на иреалното?“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не само во насловниот расказ во кој е можеби, највпечатливо и најзастрашувачки, доловена временската празнина, „црна дупка каде што времето умира“, како и губењето на временските координати на нараторот што, истовремено, значи и губење на неговиот идентитет,туку и во бројни други раскази („Футролата“, „Лекција“, „My private Europe“, „The seeker on the way of sound“, „Фото-финиш“ и др.) филозофските размисли за времето, експлицитно или имплицитно, кореспондираат со специфичниот светоглед на авторот, со неговата потрага по самоосознавање, од една страна, но и со неговата благородна потреба да се спротивстави на ентропијата на животот и неговата тривијалност, од друга страна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Образложението за неговата пресуда започнува со она најкарактеристичното - прашањето за неговиот идентитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека Декарт она когито го здоби со отуѓување на телото (перцепцијата, емоциите) од својата суштина, Спиноза тврди спротивно, дека свеста е свест на телото и дека индивидуалната свест и „индивидуалното“ тело се едно нешто, само различно разбрано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Човековото индивидуално тело за него е составено од многу делови коишто имаат своја индивидуалност, што дозволува плуралитет на неговите идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Му се восхитував на сонот на Амин Малуф, како на сорствен сон на Балканот: Го сонувам денот кога ќе можам целиот Блиски Исток да го викам Татковина, како што тоа сега ми се Либан, Франција, Европа; да ги викам земјаци сите нивни жители: муслимани, рисјани, Евреи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во овие обележја, според неговото кажување, се темелеше неговиот идентитет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Забелешката на Елен Лејбовиц за преведениот збор во воведниот прилог Поука за божествата, во романот Атеистички музеј, не беше причина да $ пишувам за мојот чудесен и брилијантен преведувач, да $ го откријам неговиот идентитет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мотивот на Крлежа за заминување, доведен до поим, упатува на перманентната дислоцираност на модерниот човек, дислоцираност од егзистенцијален тип, но и во смисла на неговиот идентитет, значи, дислоцираност внатре во симболичкиот универзум во кој го сместува својот живот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)