И сега, кога му беше јасно дека засекогаш ја беше напуштил илузијата да ги следи јагулите кон Америка, или да им се предаде на азиските далечини, тој, всушност, почувствува дека, во овој град, беше на крстопатот на својот лавиринт, создаден од западните и од источните линии на неговите илузии.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тие мигови всушност и ги зголемуваа неговите илузии за владеење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таквата состојба ќе ги предизвикува неговиот илузии дека излезот од лавиринтот ќе го најде доколку напредува, но напредувањето всушност ќе ги предизвикува парадоксите на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, останав верен на неговите илузии, го множев хаосот на неговите книги, без да ја откријам неговата моќ на катарзичното читање, на распоредот на книгите, со кои како низ скалила стигнуваше до далечните светови, некои блиски, други далечни, но и до трансцедентните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но како да не беше свесен дека не можеше да го продолжи своето дело над своите биолошки и ментални можности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од лавиринтот во себе, од лавиринтот надвор од себе.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мајка остануваше вечниот сеизмограф на татковите померувања на балканскиот релјеф на неговите илузии.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко сакаше да дојде до некаков позадлабочен, философски одговор на оваа дилема, особено кога беше во прашање неговата родна земја Албанија и неговата илузија дека ќе ја разбере логиката на возвишувањето и на падовите на империите на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ги поднесуваше и неговите илузии, непредвидливите потези во патувањето на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Собираше, класираше книги за козите, за јагулите, за јаничарите, пред секогаш зачудената Мајка, небаре осудена да ги поднесува неговите илузии и верувајќи дека, сепак, еден ден ќе нè изведат на вистинскиот пат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Често го смируваше неговиот немир, но не беше ретко и да останува во неизвесност, да се помирува со неговите илузии.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)