негов (прид.) - компанија (имн.)

Исто такво уверување сретнуваме во српскиот весник „Јавност“: „Ние сакаме да ги увериме нашите браќа Бугари, пишува веникот, дека српското општествено мислење е сосема спротивно на лудите и донкихотовски уверувања на Милоша Милоевиќа и неговата компанија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не сметајќи ги паралелите со американ­ската авангарда, првата непосредна асоцијација со Ворхоловите концептуални дела се филмовите на Луј Лимиер, како што забележа и Мекас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Остварувањата што Лимиер ги режираше во периодот од 1895- 1900. (неговата компанија продолжи со производство до 1905.) можеме да ги согледаме како опус со доследни етички принципи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)