Се раздели вудве, едниот негов крак замина преку морето со старата вера, а другиот крак со новата вера се насели на брегот на Охридското Езеро, близу до манастирот Свети Наум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На Горник, горе на Рамни, се најдува главата на селските чешми, црквата и селските гробишта, додека Зедница - тоа е мал и сув рид кој некогаш морал да се вика Изедница или Заедница, но испраѓањето на и-то или а-то што е тенденција во пелагодниските говори за скусување на зборот, го добил името Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Помеѓу неговите краци, помеѓу Горник и Зедница, среде столетни дабови и ореови дрвја, со прочуени бунари за питка вода, се тетоши Загориче, или уште како што ја викаат малечката и населена заветрина - Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)