негов (прид.) - мислење (имн.)

- завреска Вадим здобивајќи се со грчеви.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, Шафрази кажува во едно интервју: „Сакав уметноста наполно да ја осовременам, да ја извлечам од историјата на уметноста и да и дадам живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ А еден германски студент кој во 1982 година толку силно се исплашил од сликата „Кој се плаши од црвено, жолто и сино IV“ (1966-67) на Branett Newman во Националната галерија во Берлин, што во напад на бес ја удрил со тупаница, ја клоцнал и најпосле ја исплукал, подоцна тврдејќи дека самиот Њуман, кога би бил жив, во извесна смисла би го делел неговото мислење: „Чувствувам дека сега, за првпат, сликата е навистина комплетна по она што и го направив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој не веруваше дури ни во постоењето на халуцинации; според тоа, не го беше видел она што - по негово мислење - не е можно да се види; тоа беше речиси шок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаеше! Знаеше дека по сите марфиеви закони, по сите закони на силата на иронијата, кога ќе реши да фати некоја работа, шефот токму во тој миг ќе ги побара неговото мислење и помош.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Затоа многу размислував дали воопшто да го консултирам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Многу размислував дали воопшто да му го дадам ракописот иако неговото мислење ми беше завршната оцена за реализација на моето дело, па како и да го наречам, новела, есеј или роман...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
— Е шо мислиш да му правиме на тие пци? — го праша Толе за негово мислење и план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Може да се има доверба во неговото мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа повторно раѓање за кое говори Хундертвасер е можно во неговиот систем на размислување, затоа што, по негово мислење, од изметот се раѓа живот, како што, обратно, „стерилната чистотија е смрт“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можеби, вистинската причина за падот на Отоманската Империја, според неговото мислење, беше во фактот што Западна Европа успеа, во истиот петвековен период, да ги оствари етапите на ренесансата, на реформацијата, на Француската револуција, на либерализмот, на индустриската револуција, како и стадиумот на државата-нација.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Членовите на колегиумот кимнаа со главите, но како уредници на редакциите не беа толку категорични, па дури беа и сомничави, и се двоумеа по однос на пројавените способности кај доставениот кандидат.  Кадровикот ја разбра работата, па ја предложи преостанатата можност - не сакаше самиот да се наметнува на колегиумот, особено во отсуство на директорот, но не дозволуваше ни да биде игнорирано неговото мислење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге вели дека по негово мислење еден ден сонцето може да се излее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понатаму, од нејасното излагање на Кожинката произлегуваше дека тој бил изненаден од ставовите на некои неупатени другари кои ги застапувале тие поинакви сознанија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно ја забележал мојата подвоеност па се обидува да ме состави а згора на тоа и да ме зазбори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, во мислите му реплицирав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И затоа, според неговото мислење, после толкавиот труд вложен во сериозниве иследувања, некои нови погледи на случајов му се чинеле најблаго речено, избрзани и неаргументирани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како резултат на тоа, разбирливо е што поголем дел од неговите интимни познанства со жени никогаш не прераснале во посериозна емотивна врска.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мал дел од денешната публика го дели ова негово мислење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навистина, тој повеќе пати предупредувал една од своите девојки, Беатрис Вуд, млада актерка која што ја сретнал во Њујорк во 1916 (и која се уште е жива), никогаш да не ги меша сексот и љубовта, што според неговото мислење таа го правела во нејзината неуспешна врска со неговиот пријател Хенри Пјер Рош. (7) 110 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговото незадоволство од ова дело се должи и на фактот што тоа толку очигледно зависи од идеи претходно развивани во други негови дела, така што во него е неизбежен извесен степен на повторување, постапка од која Дишан се згрозуваше.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од страсната енергија на неговото мислење се пробиваше цврстото уверување дека литературниот дискурс е нераскинливо поврзан со гестот на смелото настапување, со духот на отвореното самоекспонирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, Рада го бараше токму неговото мислење и го повтори прашањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој првин запре на заемката аман (од арапско потекло), употребувана со значење на барање милост, но во потесните текстови изразува радост, задоволство, болка или тага.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски сметаше дека со Татко треба да ја разгледаат употребата и на зборовната група извици, според неговото мислење на педагог како карактеристични заемки, понекогаш со психофилозофски контекст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така Хантингтон ја гледа иднината како судир на повеќе различни цивилизации (според него, тоа се Западната, Православната, Исламската, Латиноамериканската, Африканската, Конфучијанската, Будистичката, Хинду и Јапонската).9 Идните судири и борбата за превласт, по негово мислење, нема да се водат помеѓу одредени држави или етнички групи, туку помеѓу одредени култури (бидејќи секоја цивилизација е носител на одредена специфична култура).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Арафат вознесено го следеше Бургиба и во тоа не виде ништо посебно, тоа беше и неговото мислење кое го делеа сите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нашите постари ја одбија поделбата и тоа е нормално...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го погледа Сандрија откосо, божем навистина му треба неговото мислење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го замолив да најде малку време, барем да почне да чита, па потоа да ми го каже неговото мислење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се обидуваше да ги собере сите нешта на едно место: неговото мислење, мислењето на Марша, па еве и на мајка му.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој дури оди толку далеку да тврди дека апсолутистичката монархија (што по негово мислење најцелосно е остварена во тогашна Прусија) е најсовршен општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Не го коментирам и она негово мислење за моите три жртви.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мис Стон го прочитала тој расказ во некој од весниците што ги носела со себе, и бидејќи очигледно била збунета или изненадена од верувањето на Јапонците дека со душата можат да упрауваат и некои други сили покрај Спасителот , побарала и негово мислење по ова прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Филип Д. од своја страна не пропушти да напомене дека според негово мислење сепак ќе беше подобро недоразбирањата да се расчистуваат овде, на влезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Такво беше неговото мислење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Зеле”, неговиот ветеран, неговиот личен голем сферичен балон, се одмараше во меѓувреме во самата остава на канцеларијата, 18 Галерија Монпенсие.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа не е мала работа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како Ворхол да останал она ладно дете во кое родителите, по негово мислење,за малку ќе го претвореле. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 99
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една од неговите последни социоскулптурални „акции“ бил и обидот да го завитка Енди Ворхол со неговата топлина, во што не успеал поради тоа што Ворхол бил непоправливо ладен - замрзнат, црна дупка на ништожеството во која сѐ друго (сето останато) исчезнувало.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да ѝ се врати мора да стане полн во своето битие, да го запознае рајското доживување на полнотија кое не го запознал во детството, иако несомнено го оживеал како продуктивен уметник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не покажав голем интерес да учествувам во телевизиската емисија на Алтин Раџими, макар што бев пријатно изненаден и охрабрен од неговото мислење за книгата Атеистички музеј, како припадник на младата генерација, кому како да му тежеше на ист начин блиското минато, кое не можеше да се ослободи само со соборувањето на големите, мамутски статуи на Сталин и Енвер Хоџа во Тирана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Понекогаш му носев книги кои самиот не стигнував да ги читам а сакав да го имам неговото мислење за нив, да ми ги потцртува со молив позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Исчезнувањето на Татко ме остави посиромашен за добрината и величината на неговото мислење и родителска заштита, кога во пролетта на 1979 година, ми беше понуде­на можноста да патувам во Албанија, да го вкусам враќа­ње­то во земјата на корените.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според неговото мислење таквата слабост е карактеристична токму за современата толеранција, што не е ништо друго туку последица на стравот и бегањето од непријатности, што се логична последица на несогласувањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На слични мисли налетуваме и кај другиот голем класик на културните студии Raymond Williams во делото Culture and Society 1780-1950 (1958), каде што ја проблематизира збрката до којашто доаѓа при употребата на зборот еднаквост: “Единствената еднаквост што е важна и возможна е еднаквоста на постоењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Посакуваната, смислената толеранција е израз на одредена моќ, убедување и чувство за комплексноста на вистините и почитта кон другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)