негов (прид.) - надеж (имн.)

Продолжуваше дома, дури и во ноќта, понекогаш до мугрите, да ги доработува сиџилите, со тивкиот шепот на семејството и со шумот на реката која веќе престана да ги носи неговите надежи да замине кон морето, на југ.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа се случувало до моето пристигнување, со судбоносниот лист хартија од кој се очекуваше да ги оживее неговите надежи да трага и низ своите веќе одземени сиџили...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговите надежи повторно пропаднаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше убав глас, продорен баритон, кој се пробиваше низ старата беговска куќа, ја исполнуваше со неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Семејството и искреното пријателство со Татко остануваа последните пристаништа на неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Појде кон Татковата библиотека на нова серија турцизми кои се однесуваат на човекот (телото, роднинската терминологија), според претходниот договор, којшто според двајцата требаше да се испочитува до крајот кој полека и се ближеше, ако не дојдеше до неочекувано запирање на некои зборови со посебно значење, како што беше случајот со турцизмот фиљан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие производи, иако недостапни за народот, треба да ја одржу­ваат неговата надеж дека светлата иднина претстои.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вечерашниов осамен истрел пак ги разгоре неговите мисли и ги подгреа неговите надежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На амбициозното писмо, на кое Михаил се надеваше дека со сигурност ќе добие потврден одговор, наместо тоа доби едно цело досие со лекарски наоди од здравствената состојба на шимпанзото, што во терминологијата на Тајсон, беше knock down за сите негови надежи дека ќе може да го врати назад.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Каков апсурд имаше во неговата надеж дека Марија ќе може да живее тука, во иста куќа со нив двајцата... преостанати од некогашниот свет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Залудно. Пропаѓаат неговите надежи во старите привилегии при средбата со колаборационистот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И што прави Корец? Ги спојува дланките, ги преплетува прстите и со глас на очајник го преколнува бесчувствителниот прв министер за спас на солунските Евреи, со потресен глас, со насолзени очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во оваа книга беа содржани и преточени сите таткови книги, сета мистерија на неговата надеж, вистинските страници како да се разбере Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем не беше сличен и со Бургиба, кој ја освои слободата за својот народ, но кој на крајот ја губи неговата доверба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сличен беше и случајот на Тито Јасер Арафат живееше со судбината на својот народ во егзил, со неговите племиња и судири, со неговите надежи и грижи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Надежта на остарениот поет, Цврсто стегнатата уста на неговата надеж, никогаш нема да ни открие што се случува таму, во далните темнини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш разочарувањето преовлада, победувајќи ја сета негова надеж дека ќе го пронајде Чако, нели пак да го скроти.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И натаму на дофат му останаа книгите за миграциите на луѓето и другите живи суштества, посебно јагулите, кои продолжија да ја залажуваат неговата надеж за заминување, надежта да ги следи на нивниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)