— Море, нели има јагниња, госје колку сакаш — со гордост одговори Бендерот, небарем тој беше самиот чорбаџија Сиве, иди, во најмала рака, неговиот наследник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Мислиш на ова цветче, а? - се насмеа Денко. - Мислам на неговите наследници.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Несомнено дека и југословенските политичари калкулирале со македонското национално прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, ваквиот став на САД ќе еволуира по смртта на Ф.Д.Рузвелт на 12 април 1945 година, кога неговиот наследник Хари С.Труман ќе ја истакне „одговорноста на САД за раководење со светот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Затоа, сакам да ја искористам оваа можност јавно да им се заблагодарам за смелоста и за бестрашноста на Џон Витиер-Фергусон, кој тогаш беше директор за додипломски студии на Катедрата за англиски јазик и книжевност; на Линколн Фалер, кој беше шеф на Катедрата за англиски јазик и на неговата наследничка на тоа место, Сидони Смит; на Роберт Овен, кој тогаш беше продекан за додипломско образование на Колеџот за книжевност, наука и уметности (КНУ); на Теренс Мекдоналд, кој тогаш беше продекан за академски прашања на Колеџот за КНУ, а подоцна и декан на Колеџот; на Ненси Кентор, која беше ректорка и извршна потпретседателка за академски прашања на Универзитетот на Мичиген; на Ли Болинџер, кој беше претседател на Универзитетот на Мичиген, како и на службениците и на другите вработени во нивните служби.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нив Бургиба ги сметаше за СВОИ синови. - Значи еден од нив ќе биде неговиот наследник.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вечерта ги сретнав старите пријатели, познатите дипломати на земјата, дипломатот и писателот Рашид Дрис, дипломатот Таиб Слим (брат на некогашниот генерален секретар на ООН Монги Слим) на кои и покрај залезните години, како некогаш Хабиб Бургиба, така и неговиот наследник Бен Али, им доверуваше деликатни дипломатски мисии од интерес за земјата, но и пошироко во арапскиот свет, во Европа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Покрај тоа, во законот подетално се специфицираа категориите на странци на кои може да им биде издадена лична работна дозвола со важност за период до една година, односно таа им се издава на: • член на потесното семејството на државјани на Република Македонија кој поседува важечка дозвола за привремен престој, • член на потесното семејството на странец кој поседува лична работна дозвола за неодреден временски период, • странец кој по потекло е од Република Македонија или негов наследник до трето колено, кој нема македонско државјанство, • странец кој престојува во Република Македонија врз основ на дозвола за привремен престој за семејно обединување, • странец барател на правото на азил на кој барањето за признавање на правото на азил не му е решено во период од една година, по истекот на периодот од една година (дозволата за работа се издава на три месецa со можност за продолжување), • странец со признат статус на бегалец, • странец под хуманитарна заштита и • странец под привремена заштита (чл. 12).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со тоа му допушти на Александар негов наследник да биде, да продолжи оттаму до каде што тој беше стигнал.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)