Со него престана да важи ЗИТ (1985), освен оние негови одредби што се однесуваа на инспекцијата на заштитата при работа, кои престанаа да важат следната година, со донесувањето на Законот за заштита при работа. 4 Што се однесува на правата на работниците, особено е важна одредбата на ЗИТ (1997) според која инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа (чл. 16, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Опсег на важење на законските одредби Додека со Законот од 1992 година беше предвидено тој да се применува на сите правни лица со седиште во Република Македонија (чл. 1, ЗИПДНД/92), со Законот од 1993 година се пропиша дека неговите одредби нема да се однесуваат на правните лица во приватна сопственост.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)