негов (прид.) - око (имн.)

Сега неговото лице се разведруваше, се враќаше јасната синевина на неговите очи што и нас нѐ смируваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга по цели денови ги читаше татковите книги за козите и нивната поврзаност со животот, додека тие бели божици во неговите очи ја собираа зелената покривка на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Очигледно јас во неговите очи сум будала.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред неговите очи дефилираат потомците на генералот Селевк, еден од наследниците на Александар, митскиот цар на Македонците и на Грците кој завладеа со сиот дотогаш познат свет, според тоа и со Палестина и чии потомци, еден од кои е и Селевк почнуваат да ги хеленизираат и Евреите, особено дел од еврејската аристократија, забранувајќи ги нивните верски обичаи, внесувајќи го меѓу нив грчкиот јазик, а во Храмот на единствениот Бог, нивните пагански многубожечки симболи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За разлика од светло-сината боја на неговите очи и белата, речиси проѕирна кожа, тие имаат маслинести очи и боја на испотената кожа и уморни лица исцрпени од неизвесноста, гладот, жедта и четириесетгодишното талкање низ пустината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но тој се совзема, чека да му мине згорештеноста и таблата пак спокојно испливува пред неговите очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дали дека на него се обрати случајно погледот на жената што бараше објаснение, а сега го потсилува тоа усмевот на онаа падната мазилка што, сигурно поради посилната светлина во салата, и самиот станува поизразит пред неговите очи, се пренесува преку цртежите на ѕидот, како да му е тука местото, како да не е ова изложбена сала ами кујничето во кое сега жената и детето нажалени ќе се вратат, да заборават уште една ситна болка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но Соколе не ѝ одговори. Пред неговите очи трепетеше во сјајот на електричната светлина ликот на девојчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сепак во неговите очи има еден влажникав отсјај што уште не успеала да го избрише примиреноста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко — женско, старо — мало, до куче сакам да видам пред мене! — му се провикна Арслан на Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И се собраа. „Кај сила — нема правина“ вели народната поговорка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад неговите очи, додека ме впиваа, зуеја исти такви затворачи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Темнина. Само неговите очи зрачат два бели круга на Margina #19-20 [1995] | okno.mk 67 завесите, како кај завршена филмска проекција.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Возбудата, и од помал удар, јасно ќе се забележеше во подзгаснатиот сјај на неговите очи, при треперењето на неговите долги ковчести раце, исшарани од разгранетите модри дамари.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од неговите очи зрачеше нова светлина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само две од нив, без утврден извор, остануваа на краиштата од неговите очи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред неговите очи се откриваше западниот дел од градот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И, на крајот, тука беше благата енергичност, постојаната ведра насмевка, во синото зрачење на неговите очи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веле гледаше замислено пред себе и не ги забележа затворените, густи кругови со брчки околу очите на Аргира, ни чудниот сјај на неговите очи, ниту пак лесното потреперување на брадата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога и да го погледнеше човек, ќе прочиташе во неговите очи чуден сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не да се фалам, но така е... Секогаш со овие зборови започнуваше велгоштанецот и додаваше како неговото око сѐ видело, а неговото уво сѐ чуло.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со тоа весело пламенче и во неговите очи влезе искра радост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислата веќе му стануваше трома, сонот плетеше мрежа пред неговите очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но и сонот не сакаше да се залепи за неговите очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имаше нешто како занес, повторно имаше далечен поглед во неговите очи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше исплашена, исплашена од лицето на Даниел, од неговото однесување, од неговите очи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби ти ќе го натераш да сфати дека тој самиот од мал конец си направил јаже за бесење, и дека снопот светлина што го гледа тој е само една раска во неговото око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кулата секогаш беше таму, пред неговите очи, за да го потсетува на она што не можеше да го заборави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се чинеше како неговите очи да гледаа од дното на некои длабоки пештери.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога беше само на неколку метри од неа, четирите шепи престанаа да се вртат и неговите очи за миг се загледаа во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако силен и огромен, тој сепак во неговите очи изгледаше танок и грациозен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако слушна гласови, неговите очи не можеа да распознаат човечки фигури сред купот волнени паноа, неонските цевки завиткани во форма на букви, и друг материјал и опрема складирана внатре.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кафени, вдлабнати, неговите очи не беа мали, но оставаа впечаток дека се мали поради веѓите што му се надвиснуваа и стрчеа како стреи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Скулптурната маска на агонија на неговото лице не се стопи, но нова светлина дојде во неговите очи, а таа за неа беше како зрак сончева светлина што ветуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во неговите очи веќе нема знак на топла светлина за да покаже дека во него има срце, дека е направен од месо и нерви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Присуството и физичката форма на брат му, звукот на неговиот глас, неговата кроткост, добродушното лице, цврстиот и отворен поглед на неговите очи, за кратко време ја оттргнаа илузијата на безвременост, и на минатото столетие му ја дадоа хронолошката димензија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Борко лежеше, потресен од немиот призор што се одигра пред неговите очи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влегов и застанав пред ѓаволот, со негови очи да видам, да го исчитам словото на книгата. А и вие, бедни и благоутробни, ќе видите што видов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Утре ќе го натерам логотетот да застане со ѓаволот, пред него да стои, со негови очи да види, да узнае дека под словото друго слово има, под буквите видливи – други, скриени, под душата на словото друга душа е настанета!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но читај со негови очи, не со твои, педеру еден!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чичкото ги зема китките. Во неговите очи како да расцветуваат илјада бели и црвени трендафили.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш од неговоте очи избиваше топлина. Ти се чини - сончев зрак те милува.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговите очи студено ме гледаа. Имав чувство како да ме проѕираат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сепак, имаше нешто тајно во неговите очи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Обземен и воден од својата себичност, целта како шаренолика пеперутка лета пред неговите очи. Го мами.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Веднаш по средбата со старецот, скриена од неговите очи, долета една птица над вреќата со пченица, најверојатно подгонета од гладот во оваа пустелија, колвајќи гладно од вреќата: ја потткина, а од отворот, полека, зрната почнаа едно по едно да излегуваат на дневна светлина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Седејќи во кафеаната, со црниот тунел пред неговите очи, задимената бела завеса почна да се згуснува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Веднаш – рече Еразмо, тивко симнувајќи го јажето од рамото, преплашен до смрт од глетката пред неговите очи и од помислата дека старецот ќе ја фаќа змијата со јаже.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Неразбуден, можеше да го види само песокот, додека илјадниците златни ѕвезди, испомешани со правот, беа скриени од неговите очи, затоа што тој гледаше само со очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одблесокот на искрите од очите врз водата го изненади: му се пристори, небаре сите свеќи во животот беа запалени и светеа од неговите очи, од стаклените леќи што одблеснуваа, одбивајќи се од водената површина како две мали езера, во кои беа измиени сите покајанија на светот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа беше пат кој сам од себе се роди од хаосот: Огледало, отворено пред неговите очи, кое јасно го покажуваше вртежот на компасот во сите можни правци, пулсирајќи во ритамот на сончевината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот го спушти куферчето и во тој миг во неговите очи забележав искра на изненадување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во неговите очи забележавме болежлив, глув и потиштен молк и обессиленост од вгнезден страв...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само ја почувствував неговата рака што топло ме прегрна и ги видов солзите во неговите очи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како можев на татко ми било што да му речам за неа, кога ќе го видев неговото деформирано, будалесто лице, беспомошноста и очајот во неговите очи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој се наведна и ме бакна во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер гледаше во сенките, и првпат толку долго неговите очи не бегаа во празнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клечејќи така на подот, ја кренав главата и се загледав во неговите очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе ни се сретнеа погледите, моите зеници се вовираа во неговите зеници и одеа понатаму, отаде; неговите зеници се вовираа зад моите зеници, и така зад телата баравме и наоѓавме нешто топло и меко, она што некои го нарекуваат душа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Погледот ми беше матен и не можев да видам дали има солза во неговите очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас ја испружив мојата рака кон него, и му кажав дека понекогаш сонувам како паѓам и како ја подавам раката за да се придржам за некоја друга рака, и мојата рака навистина се испружува додека спијам, и удира од ѕидот, па од тој удар се будам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога неговите очи ќе се загледаа во моите, и моите во неговите, неговиот поглед не паѓаше надолу, по мојот врат, по моите гради, кон моето меѓуножје, ниту пак мојот поглед паѓаше по неговиот врат, по неговите гради и подолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговиот поглед беше изменет; сега во неговите очи гледав празнина и празнина гледаше во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакав и јас да му подарам нешто, нешто по што ќе ме помни, нешто по што ќе се сети како играа нашите сенки, и како ми ја допре раката, и што ми вети на разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој поглед не можев да го препознаам, тој поглед беше таков, туѓ и изменет, веќе некое време, но сега за првпат ја сфатив вистинската причина за промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да се носи со месеци нов живот под срцето, а потоа да се донесе тој нов живот на овој свет, да се гледа како тој живот доаѓа, ужаснат, ужаснат од излегувањето од утробата и судирот со она што не може да му биде ни непознато, бидејќи за непознато уште не знае, а познатото само го чувствува, да гледам и чувствувам колку сум му потребна на тој нов живот, колку му е потребна храната која истекува од моите гради, да набљудувам како искуството се таложи во неговите очи, и да ги видам првата надеж и првото разочарување на тој нов живот, да гледам како тој живот се осамостојува, како веќе не сум му неопходна, да видам како тој живот кој произлегол од мојот живот ме напушта и самиот тргнува кон создавање на нов живот, ете тоа за мене е родителството.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав во неговите очи кои плачеа навнатре и солзите капеа во него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога мама го раскинуваше неговиот лик, почувствував дека не ми го уништува само единствениот опиплив спомен од него, и не само единственото нешто преку кое се потсетував на неговиот лик, па оттогаш натаму неговата коса, неговите очи, неговиот лик, беа само нејасно сеќавање; јас во тој миг почувствував дека таа со тоа раскинување го уништуваше и она ветување дека разделбата не е вечна. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно дете се одвои од останатите, дојде до самата ограда, се наведна, скина глуварче и ѝ го подаде на Сара низ решетките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И не беше чудо, зашто Мише најголемиот дел од времето го поминуваше во својот или во маалските голубарници, или талкаше со погледот кон небото барајќи ѕвезди на пладне, радувајќи се на тие што ќе ги пронајде видливи само за неговото око.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Организираните пространствата на западната цивилизација се точеа пред неговите очи, без препрека, без застој, без проблеми.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оти тој е живиот доказ за постоењето на вистинската љубов: таа ја гледаше во него љубовта секој ден, секој миг од неговиот живот, во неговите очи, сини и бистри, исти како очите на татко му, онакви какви што таа ги паметеше оттогаш кога и тој вистински ја љубеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Измислува, рекол изѕемнато Цене Папчев; непреспаната ноќ оставила под неговите очи дамки на своја темна крв. - Подмолно сака да нѐ трогне со лаги бутмишов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разденувало, секој не можел по ден да им се враќа на мртвите и на заборавените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколку момчаци, синовите на покојните Онисифор Мечкојад, Никифор Ганевски и Каменчо Скитник, биле врзани за дрво и јавно тепани со камшици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Осаменоста во неговите очи не е израз на тагување поради светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Уште еднаш се појавува Младешкиот портрет на Пармиџанино.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега таа се китеше пред неговите очи со своите ѕвечкави низалки, а тој не мислеше ништо, не чувствуваше дури ни глад, беше за сето време свесен само дека може да се спрема за во некој од идните денови да си замине назад, дома.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никој не ќе може да го искаже сето она, што се случуваше со тоа ситно, прерано старечко тело, припиено во тие спичави штици со сите четири, додека се спушташе надолу, нити она, што беше во неговите очи, полни со некаква потпечена, лудечка смеа, кога беше долу, исто како да го надмудрил некого и еве успеал пак повторно да се роди, паднат во калта, уште долго време не испуштајќи ја тврдата земја од своите крвави раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја пикна во устата и јадеше цел грст, а во неговите очи не стоеше сега ништо друго освен таа лакомост, додека грутките земја се стркалуваа низ гробот и удираа, одекнувајќи тупо во чамовите штици на сандакот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше сѐ уште под неговото дрво, со исправена муцка, потсветнуваа матно и неговите очи и неговите секачи но молчеше, долепен до земјата и чиниш не дише.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и некое задоволство да се гледа во него, онака смирен, и покрај оној ладен напен, што го смени плачот во неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, ниеден од тие мајстори и малтерџии не можеа да сторат ништо друго, освен да си ги бегаат своите погледи од тој крвав вресок во неговите очи, кога ќе застанеше крај нив, тој, Големиот Ристан, кој сега веќе не беше тоа, прашувајќи со секое свое движење, да не е, можеби, тука, она неговото место, оној неговиот загубен во неврат дел од облеката, она маѓија, без којашто деновите стануваат едно такво крваво прогонување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа бегање на волкот остави само едно лудечко потсмевање во неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и оној под него сега беше отстапен по дирата надолу и сѐ, што можеше да се види од него сега, беа само фосфорните искрења на неговите очи, две џишки во мракот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш пак застануваше до некое стебло, си го смируваше полека сѐ поулетнатиот здив, а ако не гледаше зад себе, тогаш неговите очи ќе беа зачекнати напред, по угорницата, што требаше допрва да се преборува, допрва да се кутнува и да се остава, опорито и неизбежно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во секоја распарана нишка гледаше по една слика која како секавица минуваше пред неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Полека отворај ми ги портите на рајот. Сѐ беше тука пред неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набљудувач на сета убавина што минуваше пред неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ивона во неговите очи не прочита лага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиното искуство ѝ кажуваше дека родителската врска исконски останува нераскинлива. ѝ беше сосема јасно дека еден ден нејзината внука, без разлика на далечината и времето, ќе посака повторно да го почувствува тој мирис и да се огледа во неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакаше триумфот да биде само негов. Сакаше да го подели со ова алабастерско бело тело, кое податно лежеше пред неговите очи и раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И во темниот инстинкт на љубомората, таа ги бараше и ги покриваше неговите очи, устремени во смрачината на заливот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ повеќе се созема Глигор и сѐ поубаво се бистри во неговите очи девојката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само на две педи од неговите очи се рони земјата, дебелата преграда зад која го чека триумфот на постигањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Силата на овој човек беше повеќе во неговите очи - од нив идеше некоја особена привлечност што освојува и смирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од темниот сјај на неговите очи имаше нешто што привлекуваше, бараше доверување и потчинување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под ниско спуштените веѓи Арсо не му ја видел уште бојата на неговите очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој синкав лач во неговите очи ја растопува во некаква заборавна умиленост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И жален е, тоа неговото лице јасно го кажува, иако неговите очи се стиснати в мрежа, брчки на далечина, непрекината смеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш ми се чинеше дека од неговите очи ќе бликнат солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но пред неговите очи се две проѕирни дланки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во такви часови, место да паднам, растев во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се борам да бидам закулник и да не го гледам. Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата што минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи; тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговите очи понекогаш се гледаше силна желба да учествува во некој интересен разговор и круг, но мислата го кочеше: да не биде тоа премногу од негова страна, да не биде фамилијарно, и да не го намали на овој начин своето значење?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И како последица на ваквите размисли тој остануваше во секогаш истата молчелива положба, изговарајќи само одвреме-навреме некакви едносложни звуци, и на тој начин се здоби со титула на најздодевен човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иии-сусе, Адријан, неговите очи како сини планети, седи како стрела исправен и вика „Пет“. Пет? Пее? Лет?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дестинација непозната, но ќе дознаеме кога ќе се плеснеме во неа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На тој смрзнат Бадник, таинствено завиткан во жолта гуња и ретки крпи магла, сликата минуваше пред човекот мртво се огледуваше во неговите очи: тој беше слеп за сѐ околу себе и газеше како смрт, не можеше да се сети како стана сето тоа?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неговите очи зад дебели стакла гледаа негде крај мене, во нешто што е минато или во нешто од што може да се претчувствува одговор на иднината во тоа прашање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа застана. Неговите очи полека се привикнуваа на темницата; ја виде преку рамо свртена кон него со долга коса на плешките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И најпрвин на коленици, потоа меко, на едната страна бапнал коњот и останал со доближената глава до лицето на својот убиец, до едното негово око од кое смртта ја испивала машката солза.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во такви часови, место да паднам, растев во неговите очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Црвените жиличиња во неговото око се распливнале, сонцето спроврело низ блескавата црна нишка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во неговите очи футуризмот никогаш не беше ништо друго освен една форма на оној натурализам што Duchamp го презираше, овој пат „натурализам на механичкиот свет”, наивна и бедна транскрипција, во крајна линија заснована на ретината, со наизменични положби на еден мобил, додека Duchamp-овиот проект многу полесно е да се опише како обид да се пренесе внатрешноста на движењето, некој вид на суштинска подвижност, израз на длабокото проникнување меѓу простирањето и траењето, транскрипција на артикулацијата која ги врзува просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се однесуваше како да се работеше за неговите очи, а не за очите на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко стоеше пред човекот кого дотогаш само го замислуваше, не верувајќи дека некогаш и ќе го види, во неговите очи херојот во семејството од кое потекнуваше и тој самиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледаше како Париз брзо се оддалечува, се губи небаре до непостоење пред неговите очи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред неговите очи, спроти хотелот, беше старата книжарница на ретки источни книги, записи, ракописи, мапи, посебно ретки книги за Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првпат тој ден во неговите очи видов светла капка, проклет да бидам, тој плачеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтеновиот син беше еден од оние ѓаволски старци што можеа да гледаат илјада километри пред себе, божем сета далечина беше собрана во неговите очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, не веруваше видов солза во неговите очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа умираше од црвенилото на неговите очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брат му зачудено го погледна; од неговите очи кратковидноста модрикаво зрачеше и се разлеваше по месестите јаготки. „Но ти самиот сакаше таму да работиш.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И прв пат виде дека и неговите очи можат да бидат болни и тажни. „Ти си добар човек,“ му рече. „Зошто мислиш дека си зло?“ Ја погледна: сега неговите очи не беа веќе тажни; се смееја, беа голи до дно и разголуваа се околу себе. „Не сум свештеник и не го кршам челото со свети камења пред манастирските олтари.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој стар колку и човештвото и се знае иако во неговите очи уште пливаат сини дамки на детски соништа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одеше несигурно и наморничавен чудејќи се зошто неговите очи искривуваат сѐ што и да видат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Модрицата под неговото око се ширеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само Петар, неговиот глас, неговите очи, неговата насмевка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Неговото испиено темномуресто лице оживе, неговите очи го изгубија потсмешливиот израз и станаа речиси занесени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прстите стоеја пред неговите очи како столбови, огромни, нејасни и како да се лулаа, но беа непогрешливо четири на број.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чинеше како да му избива низ кожата наместо пот, а некој можеше да помисли дека дури и солзите што лееја од неговите очи се чист џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очи прелетаа во круг преку ѕидовите, како да очекуваа дека некаде ќе наидат на прозорец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но постоеше еден простор од една-две секунди во текот на кои изразот на неговите очи можеше веројатно да го издаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очи запреа на изобличеното лице на човекот без брада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очи полека се фокусираа на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За тоа време Лилица лежеше помешечки (некој, дали тоа беше Андон или Азра? – таа не можеше да знае, силно, со сета тежина беше потпрен на нејзиниот лев бут) и со едвај отворени трепавици можеше на елипсастото огледало со масивна дрвена подлога на наткасната од креветот да види дел од лицето на Андон: неговите очи, замижани, силно стегнати во грч, неговата издолжена, кучешка муцка и широко отворената уста која како да сакаше да каже нешто многу, и нешто важно, но наспроти тоа таа беше само нем отвор низ кој се истушуваше нешто низ гркланот, а доаѓаше одоздола, од душата, од нешто што таа не можеше да го види на огледалото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Никогаш дотогаш не го имав видено плаветнилото на неговите очи во такви димензии и со таков сјај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неговото око имаше сјај, но не се погодуваше веднаш, дали е тоа сјајот од нападната кивавица, или од неговата следна намера, која тој ја беше испланирал најверојатно уште при своето доаѓање, а сега очекуваше да ја изведе како вистинска претстава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги сакаше Бошко јорганџиите, и стоеше пред нивните дуќани залапано, додека тие го дрндаа памукот пред негови очи, ја сакаше папуџиската чаршија каде што на шега му дозволуваа да обуе лева папуча на десна нога: во кујунџиската чаршија со големи стреи и кепенци, каде што златото и среброто блештеа и го заслепуваа, се смееше будалесто: но најмногу од сѐ го сакаше безистенот, чист и среден, со мириси на ѓулсуи и темјан, каде што по калдрмата пред дуќаните не се растураа распарани опинци, парчина тенеќе или шајки, и каде што можеше да влезе од една врата а да излезе од друга, и пак од таа што излегол да се врати назад.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марија се колебаше. Почувствува дека е поткупена од таа детска насмевка во неговите очи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој сфаќаше дека во тој поглед, со кој ги бараше неговите очи, е целата нејзина надеж. Или нејзината пропаст.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Толку јасно зборуваше студениот сјај во неговите очи таа вечер, што ни во еден момент не можеше да го заборави...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пелагија се наведнува врз старецот, за последен пат го пика своето кадро во неговите очи, нежно го допира со прстите по челото и се исправа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Погледот на Костадина е тврд, го крепи таванот од одајчето, го крепи и го поткрева сѐ повисоко и повисоко мислиш секој миг ќе го откорни од ѕидовите туркајќи го лево или десно за да може светот пак да влезе во неговите очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој не си ја крши главата со таквите марифети на Родна, не го засегаат ни издолжувањето на вратовите на неговите синови, туку што веќе нема сон во неговите очи кога веќе нема сон сигурно е и време да се станува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неговите очи, освен ако не беа заклопени, изгледаа под сенка како слепи; сонце не поднесуваа, се криеја под слабите бели клепки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но неговите очи се шашливи, ќе се насмее. Гледаат на две страни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговите очи од таа крв, од тој сок на отворениот непознат и пак толкупати виден цвет, сѐ е црвено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега во стаклата на неговите очи се огледува неговиот брат гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа го виде неговиот мрак во огледалото, неговите сомневања, неговата непогрешливост; се сврте и му одговори на мракот во неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕидот се повлече пред него и се изгуби во мракот; заедно со тој ѕид и се друго што бараа неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговите очи немаше ни болка, ни тага, ни протест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Цевката на валтерот несигурно се нишаше пред неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не се распознаваше, само се наѕираше, но, секако, неговите очи имаа потсмешлив сјај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Белата омраза во неговите очи испаруваше влага и не потемнуваше како отровна печурка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Одби ти, ти...“ се затетерави слегејќи ги со бел поглед начнатите полумесечини во неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не. Неговите очи поправо се потопени во густо црвенило.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Насмевката и тагата во неговите очи живеат заедно, дури и ги делат доживувањата, но не се знак на некоја неконтролирана измешаност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Грофот гледаше низ мене во бескрајот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Погледнав со голема надеж кон иследникот, но искрата во неговото око веќе беше згасната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Не беше исплашен. Дури и радоста на неговата утринска игра како да беше сè уште жива во неговите очи“, објаснуваше тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека го вели ова неговите очи се посветли и веќе не замижуваат. Или само ми се причинува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Џорџ Смит се сврти кон сонцето. Тоа му го опалуваше со слаб сјај лицето, а неговите очи беа два мали огна од него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И средбите со најблиските секогаш ѝ беа кратки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ја седна и излезе од бараката и дури сега, кога сонцето му удри в лице, од неговите очи потекоа тешки, горчливи солзи. Не ги брише.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во неговите очи има блесок на дете, а не на војник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот се сомнева дека си му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо климна одречно со глава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во неговиот џеб секогаш има понешто за понадица, колку за радост, колку за да види блескот на жарче во неговите очи, колку за да се растегнат неговите усни во блага насмевка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред неговите очи почнаа да се појавуваат лицата на момците со кои ги помина годините со пушка и во униформа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само толку пишуваше за големата рана на Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„ (Marcel Prouste, „Во светот на Сван”) Сокриена пред неговите очи што не умееле да ја откријат: во тоа е хичкоковото јадро.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Куќата чиишто ѕидови се начичкани со цртежи, слики и фотографии на Алберт и неговите пријатели е, инаку, некогашна пиварница и перална на замокот што изгорел до темел во пожарот во `52.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лицето на Момчило не е збунето, неговите очи како да се симнати од коптските мозаици, на дното од кадифената чашка на цветот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Ако не бев толку често присутна во неговите празни утра одамна можеше да се случи Ролан да го напушти дуќанот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Јас бев радоста за неговите очи“, еднаш се пофали пред мене Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Иако имаше неколку не проспиени ноќи зад себе, љубопитноста во неговите очи сјаеше со еднаква свежина.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во неговите очи се судираа бури а во погледот му трепереше пламенот во искри пресоздаден.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во сето тоа Дедо Мраз зјапаше, плашливо збунето, до оној момент кога најубавата кукла повторно му го одвлече вниманието, кога нејзината виткост ги надрасна сите убавини што поиграле пред неговите очи, сите волшепства што зачукале на неговото срце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
За еден анонимен француски книжевен критичар Атеистичкиот музеј може да се чита и како источен палимпсест чии седименти не престануваат да се пластат во трпеливата потрага по идентитетот на еден народ на кого му е избришано небото пред неговите очи, додека метафората на Атеистичкиот музеј, останува стравичен симбол на искоренувањето на религиите во сите облици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И до каде што може во времињата да допре со паметењето, тој не си спомнува за ваква страшна и болна, кобна и тажна, ужасна и потресна глетка што сега се распостелува пред неговите очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Полунаведнат виде како пред неговите очи, во изгревот на сонцето, болска штикот на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѓорѓевица гледа во лицето на Кузе, ги мерка неговите очи слични на гладно прасе, прекрстува раце, мисли, воздивнува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само тие, кои се сосема близу до него, во неговите очи забележаа отсјај на пцости.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сакаш вода? - Во неговите очи Фимка забележа потврда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цело време ја учевме молитвата, а таа почнува вака: „Патер имон...“ – тогаш дедо се искашла, јас го погледнав и во неговите очи ист укор како пред неколку недели. Не продолжив, зашто ја заборавив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во неговите очи - одблесок на предизвик. Појде на кај него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зениците во неговите очи пливаат во солзи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Аргир сврте глава кон него, се загледа во неговите очи и со тон што мириса да кавга, рече: Ти, ами кој друг...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Небаре како молскавица прелета пред неговите очи полицискиот камшик и на лицето почувствува пржење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Младиот човек подизлезе пред огулите, се поклони и во еден момент почувствував дека и тој ме здогледа, видов некоја искра во неговите очи, краток сјај...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се натажив при помислата дека тоа ни е последен ден и истото го здогледав и во неговите очи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го погледнав право во неговите очи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Иако се трудеше околу мене да ме забавува и да се дружиме, таа постојана тага во неговите очи секојдневно ја гледав.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Многу сум му благодарен што покрај толку многу изврвените ликови пред неговите очи, во долгите години на неговата работа со ученици, не ме заборавил.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Во едно парче“, рече Ирецот МекКој сигурен дека е ова најсмешното што во животот му паднало на памет, но сепак смета што поради оваа досетка му беше надојдена му замрзна во грлото – Су го погледна како со игли вперени во неговите очи и змиски му испиште: „Кучкин сине!“ му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Видов многу страдање во неговите очи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ми беше баш пријатно поради тоа што, до вчера, пред неговите очи се бакнував со Полните усни, а сега требаше со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Видов нешто посебно во неговите очи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А сепак беше пријатен, особено кога ќе се насмевнеше. Тогаш од неговоте очи избиваше топлина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во неговите очи како да расцветуваат илјада бели и црвени трендафили.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А неговите очи! Големи и натажени како на срна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не плачи, те молам Саше, не плачи, не си ти виновен, јас сум! – го прегрнав и се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)