— Сѐ под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! — му се испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој сега стоеше на високо и под себе гледаше непокорна раја шо се дигнала да го брка неговиот падишах, а преку него и самиот алах, та затоа сите му беа мрски и недостојни за неговото внимание.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мислеше кадијата дека од тој поголем бакшиш ќе нема за неговиот падишах. И така беше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)