негов (прид.) - паѓање (имн.)

Нека му е лесна земјата на Никифор Абазовски, си реков. ,И дрвото не е дрво, ако не се чуе неговото паѓање", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изминаа, уште летоска, две години од неговото паѓање и од заточението.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако понекогаш и успееше да ги растера мислите, тој немаше моќ да ги спречи соништата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве, го, го гледа веќе безобличниот човек, виновникот на неговата кловновска сентименталност, на неговото паѓање.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бевме во стоковната куќа во Гинза, саат време пред затворање и го видов неговото паѓање од полукатот на робата на нова Азија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)