негов (прид.) - племе (имн.)

Зарем не беше сличен и со Бургиба, кој ја освои слободата за својот народ, но кој на крајот ја губи неговата доверба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ѝ се открие кога ќе ја изгуби влажноста на душата, за, по обичајот на неговото племе да му ја наполни устата со коски од јагне цицалче, да има храна во онаа друга, неповратна невидливост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ајде да заминам в гора можеби лавот ќе ме земе јас сум од негово племе Ќе го замолам уште еднаш чесно можеби ќе ме прими лесно.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Дишејќи го истиот воздух како и другите членови на неговото племе, раѓајќи се како било кој друг човек во еден историски и расцепкан свет, уметникот не може да тежнее кон некакво моментално пристапување кон универзалното.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сличен беше и случајот на Тито Јасер Арафат живееше со судбината на својот народ во егзил, со неговите племиња и судири, со неговите надежи и грижи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)