Кога се враќавме во Париз, еден брод-дизалица свиреше и беше тоа како завршетокот на Патувањето до крајот на ноќта: „Во далечината се слушна свирежот на брод-шлепер, неговиот повик го премина мостот, еден лак и уште еден, па браната и уште еден мост, потаму, многу потаму...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Имаше други приоритети за големата разбранета Федерација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јас со своите толкувања на последните Арафатови барања, со неговите повици за мирна разврска за конфликтот, за неговото колнење во мирот, како да внесував дисхармонични тонови пред надлежните високи функционери на мојата последна завршна средба по завршената мисија од Шестата управа за надворешни работи, надлежна за Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој до грло е во него, неговиот повик е повик напомош на загрозениот, егзалтиран гест на некој кој во очајание се брани.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Требаше, еден ден, кога Татко ќе го дозволеше тоа, да се прочита неговата Историја, да се разберат неговите повици...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И според Плиниј (раскажано во Природната историја) Катон успеал да го убеди Сенатот за картагинската закана со една необична досетка, откако не успеале неговите повици на секоја седница на Сенатот да се уништи Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настанаа сите селани и се простија од поп Јакова, ветувајќи му дека сите до еден се готови и ќе тргнат по неговиот повик, а калуѓерот, задоволен што ги најде сите водачи на куп, кои и самиот поп Јаков му го запиша во тефтерот, тргна со попот и направи еден добар ручек кај него, та си отиде во Прилеп да му се пофали на кадијата како мајсторски ја сврши оваа важна работа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)