Сите тие со своите енергии зрачат наоколу, создавајќи разновидни услови, за да се створи жив свет на неговата површина и во неговата околина – зборуваше старецот. – Ридот има душа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Трупецот претставуваше сплет од јазли, разместени по целата негова површина, целиот беше некаква извитканост, стутканост, згрченост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Всушност, не бегство од секојдневното, туку разбивање на неговата површина.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Кога испитуваниот објект на ДЛА е јато, сите негови површини се покриени со игли, а најсилно ќе светат оние најизложените.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Веќе итав да го откинам и изнесам и последниот предмет што го нарушуваше новиот распоред, кога забележав шифра, чкрабната на неговата површина.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
По неговата површина се нишкаа дрвените предмети од куќата, садови, делови од постелите и сето она што водата истргала од куќата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)