негов (прид.) - полза (имн.)

Ама Франц сега триумфуваше. Тој сети дека словесниот двобој се решува во негова полза.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Значи, името Бугарин во Македонија, со кое сега експолатираат Бугарите, никако не е национално и затоа никој од Македонците нема право со него да ги експлоатира македонските интереси во негова полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Синот на Тајко затрепери. Значеше ли тоа дека работите се редеа во негова полза?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
7 Во декември 2010, Врховниот суд (во совет составен од судиите: С. Алиу – претседател, К. Здравев, В. Атанасов, д-р М. Ристова и С. Трајчовска – членови на советот), одлучувајќи по ревизијата на Ѓорѓиевски, донесе пресуда во трет и последен степен, со која ревизијата беше усвоена, а пресудите на првостепениот и второстепениот суд, преиначени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
55 Истовремено, течеше постапка пред Инспекторатот за труд при МТСП, кадешто трудов инспектор (З. Стојановски) – по еден месец од обраќањето – донесе управно решение во негова полза,4 во кое беше укажано дека Известувањето на Министерот не е засновано на закон и истото треба да биде повлечено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, за волја на вистината, судот пресуди во негова полза – и покрај тоа што извршувањето на пресудата никогаш не се случи во реалноста, а секако дека треба да се земе предвид и фактот што, во тоа време, сѐ уште не постоеја извршители, како би се забрзала извршната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Запазувајќи на рокот за одговор, тој, во декември 2002, се реши да поднесе тужба пред надлежниот суд. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, тужбеното барање на Ѓорѓиевски е усвоено и дефинитивно е одлучено во негова полза, со што: а) се поништи одлуката на генералниот директор на Шеќераната за давање отказ на договорот за вработување на Ѓорѓиевски, поради наводно кршење на работниот ред и дисциплина, како и одлуката на УО на фабриката, со која приговорот на Ѓорѓиевски беше одбиен како неоснован; б) се задолжи Шеќераната да го врати Ѓорѓиевски на работа со сите права од работен однос, на работно место кое одговара на неговата стручна спрема, како и да му ги надомести парничните трошоци од 33.660 МКД (550 ЕУР), сѐ во рок од осум дена од приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А по добиеното дело за разлика во плата, Божиновски покренува уште една – трета по ред – тужба, бидејќи на зголемената вредност на платата логично му следуваат и зголемени придонеси во ФПИОМ – кое право, во иднина, би му влијаело за висината на неговата пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лошото искуство кое го има претрпено го одвраќа и од активирање во полето за заштита на работнички права, како и од самото учество во облици на протест и поддршка на работниците. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во меѓувреме тужениот QBE доброволно му исплаќа средства за ПИО, по што тој ја повлекува тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Приказната на Јаневски, донекаде, има неуспешен крај... Тој не ја доби оштетата што му следуваше и му беше досудена, ниту пак доби ново работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, за овој случај нашиот храбар соговорник има поднесено уште една (четврта) тужба, по којашто во моментов е во тек граѓанска (парнична) постапка, и за која искрено се надеваме дека ќе заврши во негова полза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)