И, нормално, по појавата на зборот, медиумскиот циркус и неговите помошници, го ставија во погон.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Оттаму маѓепсаноста, кај обајцата, со комплицирани машинерии, наменети за произведување на најнеочекувани ефекти, чудовишта или чуда, машини - треба да се нагласи - кои најчесто се неупотребливи, неефикасни: оптичките машинерии на Leonardo-вата Прва книга за светлоста и сенката и Duchamp-овите стакла За гледање со едно око...; оттаму нападните машинерии од цртежи на бојни коли кај едниот, цртежот Бокс-меч кај другиот, празничните машинерии какви што Leonardo постави по собите на Белведере во Ватикан, исполнувајќи една сала со овчи меури, кои ги надува со помош на мев, според една епизода кај Vasari, „до таа мерка што неговиот помошник морал да се тргне во еден агол”, и какви што Duchamp, ппопречувајќи им го влезот на посетителите на Надреалистичката изложба од 1938 со помош на мрежа од јажиња распнати во сите правци, налик на оние на некоја визуелна пирамида во бунило...
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Меѓу другото, јас сега од автомобилот го видов неговиот помошник - како ли се викаше? - Аршински. Тоа не е на добро.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Потребата од таква мисија лесно се објаснува ако се согледа силниот растеж на Византија во границите на Балканот, Европа и Предна Азија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 99 Во исто време, за ширење на византиското влијание не може да биде одбран кој било, особено кога станува збор за ширење на христијанството меѓу паганските племиња и затоа василевсот Михаил III Палеолог мошне внимателно го одбрал носителот на мисијата - Константин и неговиот помошник и брат, веќе замонашениот Методиј.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ако се изземе келнерот кој го заменуваше и шанкушот, а кога немаше работа приседнуваше на нивната маса како четврти, тие беа тројца: најверојатно возачот и неговите помошници на шлеперот надвор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Само забележуваше дека во слободното време, додека се моткаше во неговото ателје, се плетка во работата на неговите помошници, кои беа постари од него за цел образован степен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Стоеше во средината меѓу Бузо и неговиот помошник Марко и држеше в рака стап со кој мавташе заканувачки кон нас...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Доаѓаше само неговиот помошник, со напластени предмети, да ги добие татковите инструкции.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
По ова, Анчевски, како член на синдикатот уште од почетокот на вработувањето, заедно со другите вработени – членови на синдикатот, се информираше за неговите работнички права и што може тој да преземе доколку истите му бидат прекршени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересен е податокот дека пред да се одлучи да иницира судска постапката тој, заедно со останатите работници од кои некои веќе имаа поведено спорови, преговараше со генералниот директор и неговите помошници- секретари, меѓутоа тие добиваа само празни ветувања, а во пракса ништо не се менуваше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)