Ете зошто машкото геј-идентификување со аристократијата во смисла на неговата пројава не зависи сосема од потрошувачката моќ (иако вишок приходи би бил корисен).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто дрегот, барем во една негова пројава, како што укажува Њутн, „симболизира дека видливата, друштвена, мажествена облека е костим, кој, пак, симболизира дека целото однесување во сексуална улога е баш улога – настап.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-естетизмот овие нуспроизводи на туѓите сериозни, смислени стремежи ѝ ги прикачува на сопствената иронична, раздружена потрага по задоволство.279
Машката геј-култура копнее, пред сѐ, по слободата и моќта да си го задоволи вкусот за убавина и стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како предмет за естетска наслада го зема она што другите го создале чисто заради употреба – случајно убави нешта првобитно создадени со некоја конкретна, практична, навидум вредна намена: прекрасни тела обликувани без умисла благодарејќи на спортски натпреварувања или на тешка физичка работа, величествени згради изѕидани во текот на националните или индустриските соперништва, отмена облека наменета за задоволување на потребите на високосталешкото фалбаџиство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)