Митревски, иако не го потпишува решението, сепак фактички е приморан да продолжи да работи во ДСР С.Р.С. ДОО – Скопје, како негов работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот Пецо Ѓорѓиевски од Битола (сега 43-годишен) работеше, а и после спорот продолжи да работи, во познатата Фабрика за шеќер „4ти Ноември“ – АД Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Победениот во спорот треба да биде осуден да му ги плати и трошоците на победникот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот Александар Кукулев од Велес (сега 39-годишен) беше вработен во Јавното радио-дифузно претпријатие „Радио Велес“ со договор за работа на неопределено време од 2002 година – скоро четири години пред да настане конкретниот работен спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Извршување врз парично побарување кое, по сметка кај банка, му припаѓа на физичко или 225 правно лице – се спроведува така што, со налог за извршување, и се наложува на банката паричниот износ за кој е издаден ваков налог да го исплати на сметката на извршителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Налогот има дејство на забрана и пренос за наплата (чл. 137, ЗИ). 226 Лозановски против Топлификација Битола Спор поради неисплатена разлика од плата и надоместоци од плата1 Honor honestum decorat, inhonestum notat Честа ги краси чесните, а нечесните ги жигосува! (Publilius Syrus – 225) Работникот Благоја Лозановски од Битола (сега 60-годишен), работеше во „Топлификација Битола“ ДОО – Скопје, со договор за вработување на неопределено време од 2002 до 2008 година, односно тој имаше безмалку пет и пол години стаж во фирмата пред да настане спорот со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
160 Анчевски против Алумина Спор за неисплатено пензиско-инвалидско осигурување 1 Labor omnia vincit (Vergilius) Работата [и трудот] сѐ победуваат!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ѓорѓиевски во Шеќераната работеше со договор на неопределено време од 1987 до 2009 година, односно имаше безмалку 22 години стаж пред да настане работниот спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поранешниот работник Илија Анчевски од Скопје (сега 70-годишен) беше вработен во државната фабрика за алуминиумски полуфабрикати, метални конструкции и ентериери „Алумина“ со договор за работа на неопределено време уште од далечната 1961 година – 36 години пред да настане конкретниот работен спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имајќи ја предвид оваа владина одлука, НУЦК – Битола, во текот на мај 2006, на Митревски најпрво му доставува решение за престанок на работниот однос во установата и му наложува истиот да го продолжи кај закупувачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)