Снегот само си паѓа, ми застанува и на трепките, на веѓите, ко скинат лист ми трепери неговата светлина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од тоа столкнување со планината денот, како усвитена и раздробена лава, се подаваше над врвовите, разбиен во најпрашинести искрички, а под неговата светлина планината стануваше челично сива и снегот под стапалките почнуваше да пршти, чкртајќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја збунуваше онаа „скапоцениот камен е до тебе, дека неговата светлина е толку силна што верувам дека ќе ја забележиш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мала утеха ѝ беше реченицата на Јана „неговата светлина ќе биде толку силна што сигурно ќе ја забележиш“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
-Го гледаш она виножито? Неговата светлина ги содржи сите природни бои.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сонцето ќе зајде, ќе се истркала зад ридовите, а неговата светлина уште ќе им грее на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)