Кротка и тажна е неговата свирка сега, како да не дава да се јави укор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)