Тој нестрпливо, упорно трубеше: низ бескрајниот, недофатлив простор полн магла неговата сирена го испраќаше својот повик, бараше одговор, очекуваше некој да ѝ се одзве.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Некаде пред нас, во маглата, се чу неговата сирена: во нејзиниот звук имаше нешто магнетно, виолетово, ужасно привлечно; од длабочините на звукот потреперуваше дијафрагмата и нам ни се лошеше; веќе како да испловувавме кон разбранетата шир.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)