негов (прид.) - скут (имн.)

Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога со непогрешлива интуиција го одбраа газдата на куќата, тие го присилија ангорското крзно да скокне во неговиот скут.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Летка му посака добредојде разиграно вклопувајќи го својот задник во неговиот скут.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слончето стоеше во неговиот скут.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија ја спушти во неговиот скут.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шабтај фрла поглед врз детето што седи во неговиот скут и се насмевнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По него заплускаа и каданите, а Халиле уморена, се истрча и се испружи до него на постелата, клавајќи ја својата мала главичка на неговиот скут.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одвај се сместивме некако и јас и Бреза во неговиот скут.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За миг како да беше во недоумение, но брзо скокна од неговиот скут на паркетот и заигра како да го предизвикува господинот Гроздановски поскоро да тргне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
" Господмнот Гроздановски беше изненаден од тоа што го чу, речиси штрекнат, но не одговори, туку го погледна кучето коешто, расположено во неговиот скут и со опашката живо раступкана по неговата болна нога на којашто ова фрашкање ѝ годеше и гледајќи го гледаше право в очи, зачестено накривнувајќи ја главата налево.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во неговиот скут откочен револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)