негов (прид.) - сон (имн.)

Зошто токму нас, кога можеше да го запознаеш својот холивудски идол кој ќе ти раскаже како изгледа девојката од неговите соништа, а истовремено го држи својотqубовник под рака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нормално, во Фектори имаше повеќе педери отколку, да речеме, во Конгресот, но гарантирам дека ги немаше повеќе отколку што ги има во вашата омилена ТВ емисија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нормално, Фектори имаше свои педери, па ние бевме во шоу бизнисот - а тоа е шоу Бизнис!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто тоа горко сомнение влезе дури во неговиот сон, да си мисли дека ни во сонот не може да се сретне со неа?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но како се подигра животот со тие негови сништа!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И, Европа дури им се потсмеваше на неговите соништа да го испади Исуса од црквата, Бајазит, со висок турбан и ретки дијадеми на главата, добро знаеше дека пропаѓа секоја мисла која престанува да се движи и затоа извика: вие, Европјани, не плашете се од мене туку од моите соништа и од мојата упорност плашете се...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го следеше немирот на неговиот сон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пролог Татко, во наследство, покрај книгите и дел од сиџилите, ни го оставии неговиот сон за дооткривање на нивните пораки, откако, конечно, успеа да им го открие нивниот толковен код.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Досега, речиси никогаш се немаше случено Мајка толку едноставно, со два-три збора, да го симне од тврдината на неговите соништа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Низ неа говорат, овој час, сите негови соништа, сè што му го бранувало срцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па така првиот налет на тоа ноќно завивање за миг го прекина неговиот сон, за миг ги затегна неговите мускули и го стави во состојба на полна готовност пред оваа страшна опасност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И зошто да кријам, бев среќна дека барем неговиот сон ми верува штом ја отчепил стерната за да дотече вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш го слушав шепотот од неговиот сон што ми ја подари големата тајна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си велев а не си верував на зборовите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш го слушнав она, другоно име: звучеше како Иван; како она поранешно Иван испратено еднаш од неговиот сон а потоа затулено некаде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Нели, чудно јачат зборовите кога шетаат по одаите на сонот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напати сонот е и лек а не само физиолошка потреба !”, рече редејќи ги резените од диња во тавчето. „Не грижи се”, додаде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Верувам дека ќе ми простиш Ведране, но кога повторно го слушнав тоа Иван, знаев дека тоа е твоето вистинско име. Треба да ми веруваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам, си реков: „Среќната јас, неговото име успеа да го искрши кожурецот на тајната и да се појави, иако Ведран настојуваше тоа име да остане затскриено!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па како тогаш да ја подржувам авантурата на синот кој наумил да трага по вистината за татко му кога и јас во таа вистина имав само наѕирнато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но иако доаѓаше од моите длабочини тоа беше твојот глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Свати го неговиот сон како олеснителна околност за нашата вина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што новороденчето го вадиме од мајчината утроба за да земе здив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едниот глас ќе викнеше: „Еј, Ведране, сврти се“, а другиот некако од поодалеку ќе одговореше „Не, не сум Ведран! Така ме викаат другарите! Иван сум јас!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си реков: „Името негово сонот ми го открадна, па сега ми го враќа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вистина е дека мојот Човек го имав како раката што си ја чуствував додека ја кревав за да му го допрам челото и да му ги слушнам желбите; го имав како очите што си ги имав за да ја симнам темнината од неговиот сон кога ќе посакав да му го видам лицето, толку го чувствував близок иако отсутен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и си го чинеше трудот да се помачам да го извадам од тие длабочини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа го очекуваш ти по својата смрт: да бидеш пророк над пророците – не еден од оние кои кажувале што ќе биде со човекот на земјата и над земјата, туку што е во него, и што може од него да биде, и што ќе биде според она што во себе го има, не знаејќи дека го има.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волкот ги имаше во својата уста лигите, што ги носеше во неговаот сон вкусот на нивната крв.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше на прозорецот, низ кого денот ги процедуваше своите малукрвни, придушени одблесоци во неговата одајка, по ноќта, чија што црна темничина ја разнесуваа на парампартали оние гладни завивања на дивината, пробивајќи се при тоа и во неговиот сон, а сега поминуваше со дланките по рамениците, што му беа тврди, еден огромен, црвенокос човек, а врзан во таа зачмаеност; секоја нишка од неговите мускули, навикнати секој ден да го имаат она живо оптегнување и да просребруваат притоа сега беше останата да изумира во таа самота; секоја негова мисла, навикната постојано да ја има во себе смислата на она, што го работеше, сега, кога немаше што да се чини и на што да се мисли, остануваше пуста, како катче полно застојаност и пајаџина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оставајќи го со неговите соништа замина во неговата спална.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но од онашто го презачуди, што го натера да седне насолзен и да заофка беше нешто друго: светото во кој стоеше светец со голем грозд на златна тепсија, до делче прилегаше на оној од неговите соништа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полека, заборавајќи го слепиот и патилата, таков каков што е, се намалува и и бега на земјата; сега чекори, далеку од себеси ранет, кон својот дом зад оној прославен по проклетствои како зандана ан, под трошен покрив се неговите деца, негов свет и негови соништа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
(17) Да му се вратиме на Leonardo и неговиот сон за релативноста на времето. Дали би можела да се повлече паралела?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во такви бурни мисли и заспа на чардакот, следен од будното, но невидливо око на Мајка, која му ја ширеше својата топла светлина во длабините на сонот, покривајќи го со сината наметка, вардејќи го неговиот сон како нешто најдраго и најдрагоцено во животот на нашето семејство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Требаше да го пречека Татко попладнето, така што имаше време да се справи со последните османски заемки, според договорот со својот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка, која како да беше не само чувар на Татковата библиотека туку и на неговиот сон, го подзеде тивко и несетум речникот и ја згасна жолтата ламба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големата вода е недофатлива таа мора да е во срцето на човекот. Во неговиот сон.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да беше жив ќе имаше синот што да му раскажува на својот татко за изминатите патишта од неговите соништа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пејзажот во кој гледаше се појавуваше толку често во неговите соништа што никогаш не беше сосем сигурен дали го видел некогаш во вистинскиот живот или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И да ! беше тоа речиси исто како во неговиот сон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малите оловни војници внимаваа на својот генерал застанати со втренчен поглед, поглед кој не познаваше никого секогаш чекаа загрижени за него и кога тој се враќаше гладен и изладен, искинат и парчосан, накиснат од грижи и безгрижно уморен, иако битката ниту ја беше добил, ниту изгубил зашто неговите победи беа украдени од вечноста, а противниците воздивнуваа дури и пред неговите соништа.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
А секако, колку што повеќе Нико беше необична, толку Фред сѐ повеќе се воодушевуваше од неа - да има жена која е толку убава и толку ексцентрична, тоа беше остварување на сите негови сништа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога Њујорк ќе заспие, Куро е чувар на неговиот сон.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
17 Икар, Монголфје, Рајт Лежеше на креветот, додека ветерот што се промолкнуваше низ отворениот прозорец му се слеваше низ полуотворените усни, шепотливо вовлекувајќи се во неговиот сон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но тој се задоволи да биде само службен судски преведувач на овие јазици, додека во неговите соништа остануваше жив мајчиниот јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Татковите книги сѐ уште ги содржат неговите соништа поврзани со мајкините. Мојата потрага продолжува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јазикот на алхемијата на неговите книги беше јазикот на неговите соништа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше загрижена за мојата иднина, за иднината на моето семејство, за можноста да постои хармонична мултиетничка Македонија, како иден дел на Европската унија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)