негов (прид.) - соработник (имн.)

И започна омилениот спаиски живот на Сулејман-ага и неговите соработници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во меѓувреме, NBK добиваше нови бизарни вибрации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Започна со сценариото на Квентин Тарантино (Reservoar Dogs), потоа вретеното почна да се врти: На Тарантино му беше доверена приказната, Стоун и неговите соработници Дејвид Вилоз и Ричард Рутовски се занимаваа со екранизацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во времето кога завршив, фактите беа престорени во фикции.“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Харман (Harman) и неговите соработници успеаја врз основа на сопствените истражувања на психоделиците (ЛСД, мескалин, псилоцибин, канабис и други), да ја откријат нивната способност да го олеснат решавањето на проблеми по пат на влијание врз “илуминационата фаза”, којашто многу теории за креативниот процес ја земаат како клучна во дистинктивна смисла, за време на решавање на сложени и долготрајни операции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеше да се претпостави дека Видерс и неговите соработници сега се во немилост, но за тоа немаше никаков извештај ни во печатот, ни на телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До подлабоки согледби дојде во педесеттите и шеесеттите години, главно благодарение на значајните идеи на советските теоретичари - Андреј Колмогаров и неговата брилијантна школа на математичари во Москва: Владимир Арнолд, Јаша Синај, заедно со Борис Чириков и неговите соработници кои теориски ги проучуваа проблемите при правењето на акцелератор за честици во Новосибирск.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тука беше неизоставниот Х.Х., потоа директорот А.А., додека неговите соработници не беа поканети.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој не разговараше на оваа тема со неа, препушти работите да ги води Круме Волнаровски со неговите соработници, но лично ја надгледуваше нејзината активност во Центарот или информациите за тоа ги добиваше од Андон Клековски, негов непосреден доушник, контролор без одредено работно време и без конкретни обврски кои би биле видливи за клиентките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
После 1959, хепенинзите што ја вклучуваат и публиката и уметниците, во САД и Европа ги изведуваат разни уметници меѓу кои се Kaprow, Oldenburg, Dine, Schneemann, Vostell, Knizak, Lebel, Kudo i Kasama, а уметниците собрани околу Флуксус (Fluxus), како Ono, Paik i Moorman, Higgins, Beuys i Vautier исто така го користат телото во својата уметност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Виенските акционисти беа меѓу првите што ги злоупотребуваа телата за да го пречекорат јазикот и да ја интензивираат пораката. 1962 г. Hermann Nitsch се врзува за ѕид како да е распнат, а врз него е фрлена крв од јагне. Otto Muhl и неговите соработници ги обесчестуваат своите тела во една хаотична, оргијастична инсценација, со цел да ослободат одредени табуа и да го ослободат поединецот од репресијата на буржуаското општество. Rudolf Schwarckogler создава серии ин­сце­нирани фотографии на коишто телата на различни начини се рануваат, бандажираат и уништуваат со струјни удари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа, всушност, беше заштитен знак на Ладламовата театарска техника, како што неодамна нагласи еден негов соработник: Она што Чарлс Ладлам го усоврши, и како глумец и како режисер, е умешноста да го одржи патосот на некоја трагична ситуација дури и кога ќе загазеше во урнебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не забораваше да рече: - Ова е чист мед, од палестинските планини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас бев застапникот, највисокиот преставник на Титовата креација во земјата на Титовиот пријател од периодот на неврзаноста, таткото на туниската нација Хабиб Бургиба, во времето кога продолжуваше да живее култот на Тито, со последната генерација на неговите соработници во колегијалното претседателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако му ја предадов пораката на тогашниот сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, известувајќи го за скорешната посета и за бараната средба со него и неговите соработници, Јасер Арафат ја прочита набрзина пораката и веднаш рече: - Секогаш ни се драгоцени средбите со југословенските раководители!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но за тоа подоцна низ сведоштвата на поетот Махмуд Дарвиш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Годината 1988 можеби беше пресудна во борбата и животот на Јасер Арафат, најсилно данајски привлечен во лавиринтот на стапицата, макар што во таа година беше убиен најблискиот негов соработник Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со денови се подготвуваше за средбата со Игор Лозински и неговиот соработник среде своите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа борба за почитување на животот таткото ја води сам, а потоа и со други личности: еден руски прогоненик, Игор Лозински, и неговиот соработник Цветан Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа што не можеше да им појде од рака на империи и на разни режими кои владееја со Езерото, да го покаже вечниот свет, му поаѓаше од рака на Игора Лозински со неговите соработници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За јавна почит е и тоа што судечкиот судија in concreto директно ги примени и следниве меѓународни правни извори: Европската социјална повелба (1961), Дополнителниот протокол (1998) и Конвенцијата бр. 897 за синдикалните слободи и заштита на синдикалните права.6 Незаконитите решенија и одлуки на органите на МЖ беа поништени, а претпријатието беше задолжено да го врати Ристески и неговите соработници на нивните дотогашни работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кон крајот на осумдесеттите години Бак и неговите соработници откриле класа на системи кои еволуираат кон поголема сложеност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)