Ги позна. Тоа беа жителите број 9 и број 7, првите негови соседи, едниот дискретен адвентист, другиот ситен чиновник, вљубен во својата мандолина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
До бес. „За твое добро“, рече другиот. „Ајде не спротивувај се.“ Пак опцу и дури тогаш забележа дека вратите на неговите соседи се подотворени и дека низ темните пукнатини на таа отшкринатост ѕиркаат врели очи на притаен страв...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Според кажувањето на некој негов сосед, тој Брзакот живеел во некој чикмак на Дрвен пазар.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Неговиот сосед со тенка физиономија на птица е управникот на експортното друштво за тутун и кожи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неговите соселани, неговите соседи, луѓето од Задругата, кои што тој толку многу ги познаваше, што ниеднаш не можеше ни да помисли на нешто вакво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше некоја чудна завист, што ги здружуваше уште посилно со тој негов сосед и во тоа немаше ништо навредливо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Сам. - Рече неговиот сосед. - Најлошо... што беше сам...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оној негов сосед под дрвото, што беше малку повлечен в страна, пак се прибра до стеблото и се склопчи на старото место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сите негови обиди да се развреска пак пропаѓаа попусто уште во него, нив не сакаше да ги зауши ни неговиот сосед, што продолжуваше да си ја мрмори наголемо својата кобна исповед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Столот под неговиот сосед и сам залипа, закрцка, го покри неговото шмркање.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Токму тогаш ненадејно умре неговиот сосед и во празниот стан се всели една млитава Французинка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Братучед ми живее во Тулуз.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Една ноќ во која се разбудив а остатокот од сонот уште ме залажуваше дека Рајнер е крај мене на постелата, јас за првпат почувствував како заедно, како едно, ми чукаат срцето, утробата и меѓуножјето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А потоа некој од неговите соседи ми кажа дека Рајнер си заминал. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На стариот Кољо ни на крај памет не му паѓаше каков друг ноќен бој, загледани кон небото и реката, водеа со јагулите неговиот сосед и Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А неговиот сосед Н.С. и понатаму седеше неподвижен, зачуден и одамна отсутен од сè она што се случуваше околу него.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Иако цело време Агенцијата доцнеше со исплатата, за спорен период се земени само четири месеци, поточно времето од јуни до септември 2007 година – за што Мушаланов претходно и се консултираше со адвокат (С.Атанасовски), кој беше негов сосед и близок пријател.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во Агенцијата каде што работеше, која функционираше како ДООЕЛ, во тој период, работеа 12-13 луѓе како „обезбедувачи“ – сите, освен управителот, со облигационен договор за дело и со статус приправници!?3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За време на работниот период за кој беше ангажиран, бидејќи немаше склучено класичен договор за вработување, тој немаше никакви бенефиции во поглед на здравствено или социјално осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Секое од тие дрва, растејќи, и прилагодувајќи � се на околината го нарушува дотурот на ресурси кои би им биле достапни на неговите соседи и при тоа ги менува и нивните можности за опстанок.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сите тие системи се составени од многу елементи а секој од тие елементи заемодејствува со неговите соседи и, што е најважно, може да се прилагоди на промената.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)