негов (прид.) - спроведување (имн.)

До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години. ‌Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи со Законот за работни односи од 2005, исто како и со Законот за работни односи од 1993 година, не се регулира оваа материја, правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва и друштвата во државна сопственост фактички е сведено на празно слово на хар- тија, без соодветен законски механизам за негово спроведување во практиката.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во Сан Франциско, процесот на планирање започнал во 1950-тите години.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, по брза постапка, беше донесен Законот за забрана на чување на козите, но сѐ уште не беше објавен во Службениот весник на државата за да почне неговото спроведување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа разорување остави длабоки последици врз геј-заедниците, особено врз радикалните сексуални поткултури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)