Ова е изразено во Новиот завет “Благословени се понизните, бидејќи тие ќе ја наследат земјата” или “Благословени се сиромашните со дух, бидејќи нивно е царството небесно”, и “полесно е камилата да помине низ иглени уши отколку некој богат човек да влезе во царството Божје”10.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа е видливо во животот на Исус, чиј зенит беше неговото страдање на крстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Интуицијата се задржува и во модернизмот каде што, како што покажа Чарлс Тејлор, една од движечките сили на новиот инструментализам е желбата да му се помогне на сиромашниот.11
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој ѝ ги доверувал на Мајка стравувањата дека, со натамошното откривање и со ширењето на вистината за сиџилите, ќе продолжи уште повеќе и неговото страдање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа негово страдање, неговите соборци сакаа да го толкуваат како страдање заради загубените идеали.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во тој миг, трогната од искреното признавање на неговите страдања, таа посегна преку масата и го фати за рака.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Боб не беше инструмент на неговото страдање.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дури и бродскиот капелан ја користи ранливоста на Били ноќта пред неговото погубување за да го бакне по образот, но не му ни паѓа на ум да се обиде да го спаси згодниот морнар од ништење: „доблесниот маж ни со прст не мрдна да ја смени злокобата на онаквиот маченик на воената дисциплина“ (373).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, моралната агонија на која невиниот Били го подложуваат воениот суд и следователната осуда само служи за да додаде нова, скокотлива и потресна димензија на неговото дотогашно совршенство како телесен објект: „ретката лична убавина на младиот морјанин“ се „продуховила сега преку последниве толку жално длабоки искуства“ (375).
Тоа зачеточно продуховување на Билиевата прекрасна плот им нуди на вљубениците во него глетка премногу восхитувачка за да ја прекинат ставајќи му крај на неговото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Никој друг, туку Чана ја рашири веста со својата гласна и широка уста, па така, додека се чекаше да дојде Новата година сите Егејци дојдени од Војводина мислеа на Димостен и на неговите страдања воопшто.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Беше очигледно дека Зрновски е најдоследниот подржувач на нејзините желби и ги одобруваше сите нејзините постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Па нели, во тие моменти на неговите страдања таа седна и во мојот скут и ми изјавуваше, божем тихо, (но доволно јасно за да слушне и тој, а и Зрновски) некаква припадност што јас од неа не ја бев побарал; дури и отворено ме покани таа вечер да преспијам кај нив, (забележала дека прилично сум алкохолизиран) а забележав како и Стариот писател се придружува кон оваа нејзина покана бидејќи неколкупати одречно замавна со главата кога таа го праша дали има нешто против.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пушам читајќи ги овие графити, замислувајќи си како изгледа Дуле со крваво око, Марко со фластер на увото и Мери со завој на носот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Очигледно беше, дури и за моите малку кратковидни очи, дека изворот на неговите страдања е ист како и мојот, центарот на лицето, носот, она што мене веќе пет дена ми е покриено со крвав завој и што ми ја прави устата сува.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Интензивноста на неговото страдање во него создава насладување.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)