Гасиоровски, покрај овие растурени и безобразни слики, се појавува уште повеќе да го прецизира своето пре-анално уживање кое што владее со неговата страст: уметникот со своите играчки; уметникот-конвалесцент, ношница и завои околу черепот, помеѓу ретардираност и трепанираност; уметникот во псевдо-комични мизансцени, којшто ги завитка своите 13 Impuissances во кеса за ѓубре.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Нејзиниот мирис беше таму, но тоа не знечеше ништо, зашто собата секогаш беше исполнета со нејзиниот мирис, не само од парфемот на нејзината пудра за лице и помадата за лице што ги употребуваше, туку и од нејзиниот сопствен специфичен мирис, кој ѝ беше во здивот, на косата и кожата, и кој беше битен елемент за неговата страст кон неа, нешта што сега го револтираа, зашто и мирисот и нејзиното тело ја играа главната улога во неверството.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Иако подигна најраскошни сараи и доведе најубави жени за харемот, ловот на срни му остана и понатаму на Авзи-паша најголема негова страст.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)