негов (прид.) - стратегија (имн.)

Таква беше неговата стратегија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но историските настани беа побрзи од Татковите мисли и од неговата стратегија на спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Набргу се помири со судбината. Неговата стратегија од младоста да си го подготви еден ден државниот удар и на чело на земјата да дојде еден од неговите синови беше остварена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно до него допрела некоја нова информација од партиските историчари, па се сменила и неговата стратегија кон Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дух кој пробива низ умовите на сите дух кој ги тера науките и воините да ги истражуваат неговите стратегии...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)