негов (прид.) - судбина (имн.)

Тој го доживува како свое духовно единство на оваа пресвртница на својата историја, дури и на своето постоење, тоа дека негова судбина е да се бори за светогледните дела и сознанија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
”  „Животот негов реков може да го среди само оној Еден и Единствен што управува со нашите судбини”, ѝ реков јас свечено.  „Што значи тоа, да зборувам со рабинот за проводаџисување?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш реши да ме побара мене.  „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Неговата судбина треба да нѐ загрижи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Токму тука беше најубава тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп Не малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако заврши пребрзо неговата кариера како социјалистички судија, со неговата отоманска кадиска диплома, без надеж дека ќе го бара спасот во Партијата, стануваше навистина неизвесна неговата судбина, иднината на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека беше жив Татко, колку и да ги следев неговата судбина, неговиот живот и неговиот работен тек, особено во откривањето на сиџилите, небаре почитував некаков завет, даден пред него, во своите потраги, го заобиколував неговото цариградско време и местото на Фатхи-беј Окијар во неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ни не слутев дека неговата судбина ми ја раскажува преку песната што божем успаната девојка ја пеела!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од неговите зборови ќе ги издвојам и овие: „Ете, таков е ракописот на животот. Секогаш е нејасен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И дали снегов што не престанува да врне и студов што упорно го потсетува на себе со своето неуморно штипкање по образите, како дебели прстиња на немажена тетка, се негов избор или негова судбина?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А во што веруваше тој? Дали овој негов уморен чекор низ снежната шума е негова судбина или негова слободна волја?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Молчеше, работејќи околу чајот. Тоа беше неговиот крст, неговата судбина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој крие дел од неговата судбина, големата смисла на она што претстои, кон што е управено целото негово постоење сега.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сега ние треба да бидеме арбитри за неговата судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски оваа потрага по тајните на порцеланот во Кина и во Европа ја вршеше за да ја спореди со неговата судбина во Османската Империја, во којашто под името чини (ini) ќе се подразбере домашната керамика, со центар во Изник, каде што во голема мера ќе се користи кинеското и персиското искуство во подрачјето на грнчаријата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но за потребите на дворот и високите достоинственици ќе се увезува оригиналниот кинески порцелан, којшто денес може да се види изложен во просториите на некогашната царска кујна на дворецот Топкапи сарај во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека зборуваше Татко, нему му проработуваа асоцијациите за неговиот сонародник Григор Приличев, чиј трагач бил по тајните на неговиот живот и дело, тој реши да му зборува на Татко, за неговата судбина, кој во потрагата по својот мајчин македонски јазик, постигна совршенство пишувајќи ги на грчки јазик своите култни дела, епосот Сердарот и Скендербеј.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никогаш го немав чувството дека средбата со него завршила.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понесував нешто нејасно, неизвесно од неговата судбина, кое ми се разјаснуваше во текот на годините, оставајќи голем дел на мистеријата, можеби мистеријата на владеењето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И оттогаш останав во трајно и ненаметливо пријателство со Махмуд Дарвиш, посебно со неговата судбина, која на одреден начин ме следеше и во моите дипломатски мисии, посебно како амбасадор во државата Палестина, која постоеше посилно во надежите на нејзините поданици отколку во реалноста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знаеше дека со ова негово прво патување, од корен се менува неговата судбина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ама сепак има нешчо шо нечини", — кршеше прсти сиромашката кога ќе помислеше на него и на неговата судбина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По крајот на Отоманската Империја, историјата на новата независна татковина Албанија ќе се совпадне со татковата младост, со неговата судбина, за да може да ја разбере својата земја, да ги разбере другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од неа како претчувство изронуваше неговата судбина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Да му се довери некому сонот поврзан со неговата судбина особено во тешките моменти од неговата егзистенција е можеби највисокиот степен на доверливо пријателство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Луѓето во соништата се сретнуваат, се дополнуваат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во таа смисла детето е друго на возрасниот: значи дека тоа е неговата судбина, најлукава природена форма, а која го негира неумоливо, движејќи се притоа со умилност на нешто без никаква своја волја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Воопшто не беше тешко разговорот пак и пак да се навраќа на Граматниковски и неговата судбина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)