негов (прид.) - суштина (имн.)

И во тие патеки на височините, во тие жарчиња на претходниот оган се вивнати овие сублимирани, исцедени песни од кондензираната сила на СОЗДАВАЧОТ, од неговата енергија, внатрешна сила одредена да го исцрпи зборот од неговата суштина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Расправата за судбината на поимот милет во балканските јазици ги одвлече Татко и Камилски, неочекувано многу подалеку, во различни области одошто очекуваа, но сепак не веруваа дека допреле до неговата суштина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немаа и обајцата конечен став какво место ќе заземе овој поим во нивната листа на (без)опасни османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во однос на објаснувањето на овој збор имаше смисла да се трага по неговата суштина, историја и иднина во потрагата со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во ваквата постапка, и во она што потоа го слушна од Ема, госпоѓа Мариела прочита дека полицајката веќе е совладана и дека секое инсистирање натаму на предметот што таа сакаше да го исфрли на површина со ненаметлива провокација, да го каже тоа со сета негова суштина без да каже било што конкретно, немаше никакво значење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој веруваше дека тоа не стана негово гледање. Негова суштина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Може ли да се измени неговата суштина само заради тоа што Марија замина дома, кај своите?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија, не само што разбра кои се неговите родители, па и неговите баба и дедо, туку продре во неговата суштина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој друг, поинаков Хелвиг, скриен некаде длабоко во неговата суштина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Непријателски кон формалистичкиот интелектуализам, само терминот спиритуалистички би можел да ни ја долови неговата суштина: естетистичката и анархистичката практика на идиотизмот се наметнува како „свесно и промислено враќање кон податоците на интуицијата”, да ги употребиме термините на самиот Бергсон.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е тоа што претставува општествено суштествување. (Locus classicus на оваа настрана пронигба е драмата Прислужничките од Жене.) А тоа е и она што хетеросексуалната култура го потиснува и не може да го признае, бидејќи ако се признае, тоа би значело откажување од повластиците сврзани со автентичноста, со општествениот статус на природно нешто, чие постоење не е ништо освен вистината за неговата суштина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тоа беше доволно за да разберам дека на патот на нашиот живот, до дното на неговата суштина, с е врата и ништо не е клуч.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата склоност беше да се задлабочува во некоја тема разложувајќи ја за да одговори на прашањето што си го поставил или да обмислува некој предмет барајќи ја неговата суштина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И затоа татко ми не можеше лесно да го разгатне времето на козите, да навлезе во неговата суштина, да му се потчини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)