негов (прид.) - творештво (имн.)

Поместувањето на важноста на звучниот резултат кон чинот на изведувањето на делото каде звукот го поприма статусот на последиците од тој чин, укажува на еден важен аспект на Кејџовото музичко мислење кое подоцна, посебно во неговата експериментална фаза која ја отвори “Тивкото дело 4’ 33’’”, ќе стане трајно обележје на неговото творештво.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во склад со своите нови интересирања, Кејџ себеси постапно се воведуваше во зен-от, посетувајќи ги предавањата на Д. Т. Сузуки на Универзитетот Колумбија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инспириран од Џојсовиот роман “Финегановото бдеење”, Кејџ го создаде делото “Прекрасната вдовица од осумнаесет лета” (1942) за глас и клавир при што клавирот за време на изведбата е затворен, а на пијанистот му е достапна неговата конфигурација што наметнува неконвенционален, нетрадиционален начин на свирење со прстите и зглобовите на раката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Факт е дека Дишан ја одбира еротиката како тема која е апстрактна за неговото творештво, така што природно го нагласува впечатокот, бидејќи ако и постои нешто што не ја поттикнува рамнодушноста туку, напротив, ја возбудува длабоко продирајќи дури и во митот, тогаш тоа е човечката сексуалност заедно со инцестот и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, тешко е да се процени влијанието од Коктоовите искуства со опиумот врз неговото творештво.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Анте Поповски во влезните текстови го дефинира токму она по што се стремеше книжевната критика сиве овие години на проследување на неговото творештво.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Објавени книги во засебни изданија Збирки раскази
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За Иван Точко и за неговото творештво одбранета е докторска дисертација од Александар - Цане Здравковски на 25 декември 1980 год. на Филолошкиот факултет во Скопје, а синтетизираната верзија од таа дисертација, монографијата „Иван Точко“ ја објави Книгоиздателството „Македонска книга“ во Скопје во 1984 год.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Затоа, именувањето на наследник е скоро типично за автор како него, додека на останатите може да им се припише титулата плагијатор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Воајеризмот, фетишизмот и еротизмот кај Ворхол Ворхоловиот воајеризам најпрвин го поврзуваме со неговата лична пасивност која се пренесува во неговото творештво како одвоеност или оддалеченост од објектот („Сѐ уште луѓето ми значат... но толку би било полесно да не ми значат...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Даниил Хармс загинува во петроградскиот затвор 1942. и на неговото творештво тогаш паѓа прашина.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Инаку, што се однесува до неговото присуство во Маргина, ние се обидовме, низ еден пресек од неговото творештво, да ви покажеме како гледа едно троглаво (по милионити пат бројка во текстов!!) чудовиште.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ваквиот животен стил, што за повеќето луѓе би бил нарушување на здравиот разум и достоинство, за Кабаков беше поттик и гориво за целото негово творештво.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Секој филм ѝ припаѓа на одредена етапа на Хичкоковото творештво; ако ги исклучиме подоцнежните дела, без кои, така да се рече, „Хичкок не би бил Хичкок“, неговото творештво јасно се дели на три етапи: англиска етапа (триесетти години), првата американска (“Selznick”-овата) етапа (четириесетти години) и втората американска етапа (од 1950, од „Странец во возот“ па натаму).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)