Оттука, не постои ултимативен превод, не постои ултимативна поема или новела, и секоја проценка може да биде дадена само со земање предвид на самиот процес на креирањето и на неговата функција во даден контекст.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неговата функција е да служи како фокус во кој се собира љубовта, стравот и почитувањето, чувства кои многу полесно им се даруваат на поединци, отколку на некоја организација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Рака на срце, висината на оценките беше заслуга на тешката уста и рака на една моја блиска роднина која ја имаше простудирано психологијата и трајно измеморирано делот за стапот и неговата функција.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Неприкосновен, тој носи кадуцеус, како симбол на неговите функции.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362
Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значењето што го има произлегува од неговата функција во рамките на еден цел естетски систем, кој самиот е нерепрезентациски, во смисла на тоа дека во него не се работи за ништо друго освен за самиот него.
Накратко, еден стилистички елемент не е без значење, односно од него не отсуствува значење – тој е за нешто, упатува на нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но она за што се работи, она на што упатува, не е ништо друго освен самиот тој, ништо освен неговата вредност во рамките на внатрешно доследен, формален систем на значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И, навистина, голем дел од машката геј-култура благува во дејности што – за разлика од геј-сексот, кој општествено се осудува како ненормален и неприроден – будат сеопшт восхит од стрејт-општеството, сѐ додека подразбираат разубавување на светот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да биде телесен, животински чин што може да се доживее како недостоинствен, гнасен, срамен и изопачен (барем, ако го правиш како што треба), архитектонската реставрација, музичката изведба или собирањето уметнички дела не само што се општествено угледни, јавнодуховни и фалодостојни туку и тие, токму како и модернистичката апстракција во овој еден поглед, овозможуваат искупителска шанса да се надминат телото и неговите функции – да се избега од избербатениот идентитет на (хомо)сексуален субјект и од сета стигма што оди со него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да се опише содржината на една форма или значењето на еден стил е многу различен потфат од потфатот да се објасни содржината на некој исказ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Краткото затемнување и следователното откривање на лицето на Џоан Крафорд со сенките од венецијанерите не е некаква пропозиција во некое тврдење, туку состојка на стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во иследничката канцеларија постои само стварноста и реконструирањето на неодамнешното минато, неговата функција, неговите функционерски потези.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој тука се враќа во подамнешното минато, и за чудо, задлабочувајќи се во него, одново почнува да го чувствува лекото, прозрачно присуство на Бога. Како дете му се чинеше дека шекина12 ја чувствува посилно одошто другите ученици во верското училиште во родниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
(август 1981) ЉУБОВТА НА ГРИФОНОТ ГРИФОН... композитно митолошко суштество со тело на лав (со крипја или без) и со глава на птица, обично на орел... неговата функција веројатно била заштитна... Свето суштество...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Понатаму, исклучително важно од гледна точка на одважувањето на работниците да пријават кршење на своите права е задржувањето на одредбата од ЗИТ (1985) според која инспекторот е должен, не само во текот на траењето на неговата функција, туку и по нејзиниот престанок, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, меѓу другото, и податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописи- 4. Закон за заштита при работа, Сл. весник на РМ, 13/98. 141 те, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава (чл. 15, ЗИТ/85 и чл. 15, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инспекторот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот заради остварување, односно заштита на правата од работниот однос и заштита при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Барањето работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот е должен, во текот на траењето и по престанокот на неговата функција, да ги чува како службена тајна сите податоци што ги дознал при вршењето на надзорот, кои со пропис или со општ акт на работодавецот се утврдени како државна, воена, службена или деловна тајна, податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите, како и податокот дека надзорот се презема и врши врз основа на пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)