Тие можат да се видат во витрините, ги има во повеќе инсталации; особено присутни се во композицијата насловена како “Водечки сили”, каде стотина од нив се расфрлани по платото во онаа состојба во која ги оставил Бојс за времетраењето на изложбата “Art into society, society into art”, а на која присуствувал секојдневно, од пладне до осум часот навечер и водел еден вид отворен семинар за “водечките сили на едно ново општество”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Всушност, се работи за основното место што за него го имал чинот на предавањето, не само заради тоа што тој сакал да зборува и да убедува и затоа што неговата харизма била голема, туку, како што пишува неговиот биограф, “предавањето беше суштинска компонента на неговата волја за проширување на полето на уметноста”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа биографска епизода, раскажана од Хајнер Штахелхаус (издание Abevil press), осветлува само еден аспект од личноста и делото на Бојс, аспект којшто изложбата во Бобур тешко дека би можела да го разјасни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)