негов (прид.) - шепа (имн.)

А ѕверот во мене гледа ѕвер Додека си играм со неговите шепи Во вселената за самување И ги врзувам крајностите: Умирањето на денот, Раѓањето на ноќта.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Никифор Ганевски го потсети дека абердарката има два краја: едниот пука, другиот може да падне врз тилот на тој што ѝ го стиска чкрапецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од појасот му ѕиркаше змиулест сор, алатец силен и за гранки и за човечки жили. И на неговите шепи им тежеше крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)