негов (прид.) - ќерка (имн.)

Од собите излегуваат неговите ќерки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури тогаш се покажа женското суштество, што покрај дедо Иван ја обитаваше оваа куќа, единствената негова ќерка, веќе стара мома од близу четириесет години, мала и спечена, со добродушно и виновно усмевнато лице, малку дури поцрвенета, срамлива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Како што можете да видите, MacGuffin е всушност баш ништо.” MacGuffin значи одговара точно на она што во Лакановата теорија настапува како objet petit a, објект - причина за желбата, што само претставува „позитивизација на ништожноста”: чисто причинување, чијашто „реалност” е само во интерсубјективноста, во тоа што го поттикнува случувањето меѓу субјектите, празно место што делува како причина за желбата и е како такво ретроактивно воспоставено од желбата. (Кога сме веќе кај тоа, таа темелна логика на MacGuffin доаѓа уште појасно до израз во друга верзија на истата приказна: „Што има во пакетот на полицата?“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од тој аспект симптоматичен е пред сѐ расплетот на филмот, самоубиството на таткото по паѓањето на авионот во морето, откако ќе види дека главниот јунак и неговата ќерка се заедно и безбедни: на ниво на површна шпионско-политичка приказна овој самоубиствен потег е претеран, премалку основан, но ако ја земеме предвид либидиналната напнатост на филмот, тој е сосема разбирлив.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И, ете, сега ги замрази не само Турците, туку и сите тие што се оближуваа околу нив, а најмногу Стевана и неговата ќерка Ката, што се потурчила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се претпоставува дека тие имаат радио-приемник и управата на полицијата порачува, на молба на сер Крафорд, дека нападот врз седмиот кат ќе биде одложен за два часа доколку се докаже дека неговата ќерка е жива и здрава.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во желбата да задржи одредена логика во замислите и да ја сочува екстраваганцијата на својот сопруг, жената на филологот, која во неделата беше негова ќерка, инсистираше да се усвои принципот замената на имињата на предметите да се извршува според класификацијата на родови и да се усклади со употребата во секојдневниот говор. 64 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наоѓајќи се случајно на расипан брод, Просперо, неговата ќерка и неговите сакани книги, се укотвуваат на далечен маѓепсан остров.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Просперо - грофот од Милано и неговата ќерка, Миранда, се жртви на заговор предводен од братот на Просперо и кралот на Неапол.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја гледам здробена последната слика, насмевката последна на неговата ќерка што се пресели и заспа во Господа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(Стануваше збор за една жена од Моенци која препознала во насмевката на мајка ми, во одот нејзин, и не се сеќавам ушто во што, вистинска слика и прилика на исчезнатиот братучед: „Ти негова ќерка треба да си, ништо помалку“, така ѝ рекла на мајка ми, и веднаш, како подисплашена, посакала да се оддалечи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А јас не сум шугава“, и викнала мајка ми. „Фрлаш жарчиња а од пламенот бегаш!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денес со сигурност се знае дека сликарката што Дишан ја посетил на Монмартр е негова ќерка, денес жена на 80-тина години, која жали единствено што нејзиното познанство со татко ѝ траело толку кратко (тој умрел две години по нивната средба). 116 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак сличноста не била случајна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сликарот приседна на миндерот, ја отвори книгата и го созна следното: „Фазли паша, зет на султанот Бајазит, маж на неговата ќерка Зулфија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби тоа ме натера денес, по триесетина години од сликарскиот занес, просто да ја проголтам книгата „Мојот татко - Волт Дизни“, напишана од неговата ќерка, Дајана Дизни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сталин, кој најмногу се сакал себе си, но и својата ќерка по име Светлана, откако ја прочитал песната објавена во дневниот печат, помислил дека е посветена на неговата ќерка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бабата и дедото со малото внуче од нејзиниот син, кој не е и негов, се враќаа од Истанбул, од гости кај неговата ќерка од првиот брак.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој беше ексцентрик, а јас негова ќерка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На татко ѝ Бугарите му вршеле притисок, па тој во весник изјавил дека ќе биде награден тој што ќе ја фати или убие неговата ќерка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Посебно беше воодушевен од хартиената фигура на главата на Големиот Брат, широка два метра, што ја правеше одредот на Шпионите во кој членуваше неговата ќерка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Френк деновиве го има истото чувство додека ги гледа нивните фотографии од тоа време: еве ја веселата Марџори на плажа, сѐ уште неоскверната и поубава и од неговата ќерка, со оние две прекрасни деца; еве го него како позира на својот велосипед, сѐ уште несвесен дека неговиот панкреас решил да го убие по кратка постапка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што се однесува до неговата ќерка моето мислење и пред овој настан беше заокружено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Им реков: ми мириса на оние ноќи што ги поминав во плевната на Чардаклија каде што лично тој и неговата ќерка Маре ме криеја од окупаторот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човекот од црвената ветрушка ги прашал што знаат за Симо Чардаклија и дали е сè уште во селото неговата ќерка?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На заминување ми даваат една книшка од него за училиштата во зоната на Поградец, објавена постхумно од неговата ќерка, а со грижа на градоначалникот на Поградец Артан Шкемби.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Една смрt ја осветлува семејната судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
ЛИЦА: ДИМИТРИЈА АНДРЕЕВИЌ, 55, инвалид, бивш ѕидар МАРИЈА, жена му, 50 АНДРЕЈА, 22, нивни син, продавач во бакалница СТЕФАН, 26, негов брат, референт во претставништво за автомобили СИМОН, 30, најстар син во фамилијата, келнер ВЕРА, 25, негова жена, домаќинка ХЕРЦОГ, 55, раководител на претставништво за автомобили, Евреин САРА, 23, негова ќерка ХЕРМАН КЛАУС, 45, дојденецот од Германија БАЈАЧКАТА СИВИЌ, 35, советник во претставништвото АДО, 23, пријател на Андреја, возач на камион ПРОСТИТУТКАТА ПОПОТ ГОСТИ НА ПРИЕМОТ, АРГАТИ, ГОСТИ ВО МЕАНА Се случува во Скопје, непосредно пред II светска војна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Таму по витрините видов изложено оригинал текстови од делата на Иго, прамени од косичката на неговата ќерка Леополдина која се удавила при несреќен случај. , фотографии од Гаврош и Козета.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)