негов (прид.) - црвен (прид.)

Не знам ни сама како ги преживував тие моменти кога гледав како ги внесува тие огромни залаци торта во неговата црвена дебела уста.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еднаш кога тој бик ќе го отрујам со ракија, кога со отров ќе го изгаснам неговото црвено око, дојди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оној плачеше со своите огромни, отпуштени раце, се препкаше по темелите, не наоѓајќи си го никаде своето место, а неговата црвена коса се посипуваше со прашина и се излепуваше од потта, гаснејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во трлото манастирските овчари ги сортираат, ги бележат со црвена боја по челата; обележаните се тргаат настрана за колење; тие како да претчувствуваат блеат, врескаат; се случува некое од бележаните јагниња да се спаси ако пред колењето овчарите увидат дека може да биде расно и ги враќаат назад кај другите јагниња оставени за приплод; спасеното јагне сè уште блее од страв; блеат и другите јагниња исплашени од неговата црвена боја, од неговиот смртен знак на челото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Богдан Преслапец се загледал во неговиот црвен и набабрен нос.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Работеа во Грција, градеа некаков санаториум крај маслинките на едни стари гробишта, подалеку од градот, ѕидаа повеќе зданија, а оној работеше на сонцето од сите тие денови, ги дигаше како од шега сите оние огромни блокови делкан камен, а неговата црвена коса како да расцутуваше на сонцето на тоа лето, беше постојано среќен и широко насмеан, со сите нив околу себе, со сите ѕидари и со сите деца, секогаш готов да стори нешто за секого од нив со оние огромни пегави и црвено издамчени рачишта да им помогне, а при тоа и да им се насмее со она свое големо лице, на кое постојано зрееше едно огромно задоволство со себеси и со сите други доста поситни од него луѓе, што се грижеа за него и што го слушаа со задоволство како труби неговиот глас меѓу ѕидовите, среќни со неговата момчешки несмасна шега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не ќе стаса до Кукулино, им пришол Трипун Караѓоз. - Арамиите бараат такви, осамени и послаби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)