негов (прид.) - жилаво (прил.)

Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.  Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Умее да сослуша со најголемо внимание а потоа не се либи да прошета по сите патеки што ќе му се отворат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што не ќе го додржи незакрепнатата снага на стебленцето ќе го компензира неговото жилаво свиткување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но најсуштествената карактеристика на неговата умешност е професионалноста и студената логика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)