Во врска со неисплатените 25 плати, кои работодавачот му ги должи на Митревски, тој истакнува дека со установата имаат склучено вонсудска спогодба во која се прецизира истите да му бидат исплатени во рок не подолг од три години од неговото повторно враќање на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Односот на претпоставените е во рамките на нивните деловни овластувања, а неговите права од работен однос сосема се почитуваат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За тоа говорат и посланијата кои Павле им ги упатил на веќе организираните цркви во Филипи и Тесалоника, како и неговото повторно присуство во Македонија во 56 и 57 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Разликувајќи меѓу јавниот (политички) интерес и приватниот (економски), овој текст ги истражува причините и модалитетите на приватна узурпација на јавниот простор, како и уметничките стратегии за негово повторно освојување, со посебен фокус врз уметничката продукција во Централна и Источна Европа. 78 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 131. 70 2.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
XXIX Татковото враќањето од болница, за нас, децата, беше како негово повторно враќање во живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа утро беше негово повторно раѓање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ова прашање е уште поважно и ургентно во пост-социјалистичките држави, во контекст на нивната транзиција кон неолиберален капитализам, каде што јавниот простор сè повеќе е узурпиран од приватниот капитал.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)