Се свртев кон мојот адвокат кој гледаше во судијката чекајќи го нејзиниот прв збор и, преку неколкуте ретки влакна на тилот зад неговата речиси гола глава, ни се пресретнаа погледите со Ема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зад него вратата се затвори, слушна како лифтот се спушта и како неговиот речиси весел татнеж се губи во далечината.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се мачеше, ту лево ту десно, да ја припитоми тешко задржливата перодршка во неговите речиси неподвижни прсти.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но ние тогаш тешко можевме да ја разбереме неговата загриженост, убаво сокриена во неговата речиси мистична тишина
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)