“Автобиографските” приказни во Џим, обично се директни транскрипции на Вудринговите соништа, и слики од нив често се повторуваат во неговите свесно креирани приказни; исто така, тој праќа копии од страниците на својот дневник за соништа во електронскиот клуб (E-mail Dream Of The Month Club).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа го очекуваш ти по својата смрт: да бидеш пророк над пророците – не еден од оние кои кажувале што ќе биде со човекот на земјата и над земјата, туку што е во него, и што може од него да биде, и што ќе биде според она што во себе го има, не знаејќи дека го има.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа не беше неговото свесно јас, тоа беше некој друг скриен во него, некој поздрав, поупорен, посмел од него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)