Тоа беше јасен показ од границата помеѓу животот и смртта за сите нас, неговите потомци дека најмногу се оставил во своите книги и неговото сигурно продолжување можеше сигурно најмногу да биде низ нив...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Во годината на раѓањето на вечниот и славен Сталин, на крајот од векот на неговото постоење, но и неговото сигурно останување во комунистичката вечност, ни претставува голема чест што можеме да ви го покажеме нашиот голем придонес во создавањето на вистинскиот нов човек ослободен од сите ропства, овој пат ослободен и од најтешкото, божјото ропство...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но кога ќе избувнеше вистинскиот татков крик, тогаш мислата негова сигурно славеше победа над зборовите, ги потчинуваше...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)